Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 122

:
Macedonian - 1990
1 Ги кревам очите мои кон Тебе, Кој живееш на небесата.
2 Ете, како што се очите на слугите свртени кон рацете на господарите нивни, како очите на слугинката кон раката на господарката нејзина, така и нашите очи гледаат кон Господа, нашиот Бог, сѐ додека не се смилува.
3 Смилуј сена нас, Господи, смилуј се, зашто многу сме понизени со презир;
4 зашто се преполни душата наша од навреди на силните и од понижување на горделивите.