1Поверував и затоа реков: во голема мака сум.
2Во мојата необмисленост си реков: секој човек е лажливец.
3Што да му дадам на Господа за сите негови добрини што ми ги направи мене?
4Ќе земам чаша на спасение и името на Господа ќе го призовам.
5Заветите ќе Му ги упатам на Господа пред целиот Негов народ.
6Скапа е во очите на Господа смртта на Неговите светии.
7О, Господи, јас сум слуга Твој, јас сум слуга Твој и син на Твојата слугинка. Ти ги скрши моите окови.
8Тебе ќе ти принесам благодарствена жртва;
9ќе ги исполнам заветите мои на Господа пред сиот Негов народ.
10Во предворјето на домот Господов, посреде тебе, Ерусалиме!