Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 113

:
Macedonian - 1990
1 Кога Израилот излезе од Египет, домот Јаковов од туѓ народ,
2 Јудеја стана Божјо светилиште, Израилот област Негова.
3 Морето виде и избега; Јордан се врати назад.
4 Горите се разиграа како овни, и ритчињата како јаганца.
5 Што ти стана тебе море, па бегаш, и тебе, Јордане, па назад се враќаш?
6 Зашто се разигравте, гори, како овни, и вие, ритчиња, како јаганца?
7 Трепери земјата пред лицето на Господа, пред лицето на Бога Јаковов,
8 Кој камен претвора во водно езеро и карпа во воден извор.
9 Не нам, Господи, не нам, туку на Своето име дај му слава, заради Твојата милост, заради Твојата вистина,
10 да не речат незнабожците: »Па каде е нивниот Бог?«
11 Нашиот Бог е горе на небото; на небесата и на земјата врши сѐ, што сака.
12 А идолите на незнабожците се сребро и злато, дело на човечки раце:
13 уста имаат а не зборуваат, очи имаат но не гледаат;
14 имаат уши, но не слушаат; имаат ноздри, но не мирисаат;
15 раце имаат, но не пипаат; нозе имаат, но не одат; тие не пуштаат глас од грлото свое.
16 Слични на нив нека бидат оние што ги прават, такви и оние што се надеваат на нив.
17 Доме Израилев, надевај се на Господа; Он е наш помошник и заштитник.
18 Доме Аронов, надевај се на Господа; Он е наш помошник и заштитник.
19 Оние кои се бојат од Господа, се надеваат на Господа; он е нивни помошник и заштитник.
20 Господ се сеќава на нас и нѐ благословил, го благословил домот Израилев, го благословил домот Аронов,
21 ги благословил оние, кои се бојат од Господа, мали и големи.
22 Нека ви придаде Господ вам повеќе, вам и на вашите деца.
23 Благословени да сте од Господа, Кој го создаде небото и земјата.
24 Небото е Господово небо, а земјата Он им ја даде на синовите човечки.
25 Не мртвите ќе Те слават, Господи, ниту оние, што слегуваат во ад,
26 туку ние живите ќе го благословуваме Господа отсега и засекогаш.