Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 106

:
Macedonian - 1990
1 Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова!
2 Така да велат избавените од Господа, оние што ги избавил од непријателска рака.
3 И ги собра од земјите, од исток и од запад, од север и од морето.
4 Тие скитаа по безводната пустиња и нигде пат ниту населен град не најдоа;
5 трпеа глад и жед, душата им ослабна во нив,
6 но во жалоста своја Го повикаа Господа, и Он ги избави од нивните неволји
7 и го поведе по правиот пат, за да одат кон населен град.
8 Нека Го слават Господа за милоста Негова и за чудесата Негови што им ги направи на синовите човечки:
9 зашто Он ја насити гладната душа, и душата гладна ја исполни со блага.
10 Тие седеа во темнина и смртна сенка, оковани со сиромаштија и железо;
11 бидејќи не се покорија на зборовите Божји и се притивеа на волјата на Севишниот.
12 Он го понизи нивното срце во мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне.
13 Тогаш во тагата своја повикаа кон Господа, и Он ги спаси од маките нивни;
14 ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни,
15 Нека го слават Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки,
16 зашто Он ги здроби бакарните порти и ги скриши железните резиња.
17 Неразумните страдаа поради своите лоши патишта и поради неправдите свои!
18 Од секоја храна им се одвраќаше душата, и се приближија до вратата на смртта.
19 Но во тагата своја повикаа кон Господа, и Он ги спаси од неволјите нивни;
20 го испрати Своето слово, ги излекува и ги спаси од пропаст.
21 Нека Го прославуват Господа за милоста Негова спрема синовите човечки!
22 Нека Му принесуваат похвална жртва и нека ги разгласуваат делата Негови со радост.
23 Оние што тргнуваат по море на кораби, што имаат работа по големите води
24 тие ги гледаат делата на Господа и чудесата Негови во длабочините.
25 Он рече и настана бурен ветер и високо ги издигна морските бранови;
26 се издигаа до небесата, слегуваа до бездната; нивната присебност се губи во неволјата;
27 тие се збунуваат, се нишаат како пијани, и сета нивна мудрост им исчезнува.
28 Тогаш во скрбта своја повикаа кон Господа, и Он ги изведе од маките нивни.
29 И ѝ заповеда на бурата и таа се претвори во тивок ветрец и брановите молкнаа.
30 Тие се развеселија, зашто стивнаа, а Он ги упати кон нивното сакано пристаниште.
31 Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела спрема синовите човечки!
32 Нека Го возвеличуваат со собранието народно и нека Го слават во советите на старешините!
33 Он создава реки во пустиња, и водни извори на суви места,
34 земја плодородна во солница, поради злобата на оние што живеат во неа.
35 Он претвори пустиња во езеро, а сува земја во земја со водни извори;
36 таму насели гладни, а тие изградија град за живеење;
37 засеаја ниви, насадија лози, и тие им даваат свои плодови.
38 Он ги благословуваше, и тие многу се размножуваа, и добитокот нивни Он не им го намалуваше.
39 Тие беа проредени и пострадаа од притисокот на злото и од неволјата.
40 Он изли бесчестие над кнезовите и ги остави да скитаат по пустињата, каде што нема патишта.
41 Но бедниот го извлекува од сиромаштија, го умножува родот негов како овчо стадо.
42 Праведните го гледаат тоа и се радуваат, а секоја нечесност си ја затвора устата своја.
43 Кој е мудар и го пази ова, ќе ја разбере милоста Господова.