1Со песна ќе го прославам милоста и судот, Господи.
2Ќе Ти пеам и ќе размислувам за патот непорочен: кога ќе ми пријдеш? Среде мојот дом одев со чисто срце.
3Не ставив пред очите мои ништо незаконски; престапите ги мразам.
4Развратно срце нема да се прилепи до мене; за лукавиот не сакав да знам.
5Оној што тајно го клевети ближниот свој, го изгонувам; со оној, што е со горделиви очи и ненаситно срце, не јадев.
6Очите ми се управени кон верниците на земјата, за да седат со мене; кој одеше по патот непорочен, тој ми служеше.
7Не живееше во мојот дом оној, кој гордо постапува; кој говори лага, не можеше да остане пред очите мои.
8Од рани зори ги убивав сите грешници на земјата, за да ги истребам од Господовиот град сите, што вршат беззаконие.