Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Proverbs 9

:
Macedonian - 1990
1 Премудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови,
2 ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја;
3 ги испрати слугите свои да огласат од градските височини:
4 »Кој е неразумен, да наврати тука!« И на малоумните таа им рече:
5 »Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила;
6 оставете ја неразумноста, и ќе живеете; одете по патот на разумот.«
7 Кој поучува бесрамник, ќе си спечали неславност, и кој го разобличува нечестивецот дамка.
8 Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ќе те засака.
9 Дај му совет на мудриот, и тој ќе биде уште помудар; научи го праведниот, и тој повеќе ќе напредне во знаењето.
10 Почеток на мудроста е стравот Господов, и познавањето на светиот е разум;
11 зашто преку мене ќе ти се умножат дните, и ќе ти се додадат години на животот.
12 Синко! Ако си мудар, мудар си за себеси и за ближните свои; и ако си лош, самиот ќе страдаш. Кој се крепи на лага, тој пасе ветрови, потскокнува зад птиците што фрчат: зашто тој го оставил патот кон своето лозје и талка по патеките на нивата своја; минува преку безводна пустиња и земја, осудена да жеднее со рацете свои собира бесплодност.
13 Жена без расудување е зборлива, безумна и ништо не разбира,
14 седнува пред куќната врата на стол, по високите места на градот,
15 за да им вели на минувачите, што си одат право по патот:
16 »Кој е глупав, нека наврати тука«, а на малоумните им вели:
17 »Крадена вода е слатка, и сокриен леб е пријатен.«
18 И тој не знае дека поканетите од неа родени на земајта умираат, и дека се во дното на пеколот. Но ти оттргни се, не задржувај се на тоа место, не запирај го погледот свој на неа; зашто само така ќе минеш преку туѓа река. Бегај од туѓа вода и не пиј од туѓ извор, за да поживееш многу време и да ти се додадат години на животот.