Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Numbers 31

:
Macedonian - 1990
1 И му рече Господ на Мојсеја велејќи:
2 »Одмазди им се на Мадијамците поради синовите Израилеви, и потоа ќе се прибереш при народот свој.«
3 И му рече Мојсеј на народот велејќи: »Вооружете меѓу вас луѓе за војна, за да тргнат против Мадијамците, да извршат одмазда Господова над нив;
4 испратете во војна по илјада од племе, од сите племиња на синовите Израилеви.«
5 И од илјадниците Израилеви беа одделени по илјада од секое племе, вкупно дванаесет илјади вооружени за војна.
6 И ги испрати Мојсеј во војна, по илјада од секое племе, нив и Финес, синот на свештеникот Елеазар, Аронов син, со светите сосуди и со труби за тревога в рака.
7 И отидоа во војна против Мадијам, како што му заповеда Господ на Мојсеја, и ги убија сите од машки пол;
8 а заедно со убиените од нив ги убија и мадијамските цареви; го убија со меч и Валаам, Веоровиот син заедно со нивните убиени.
9 Мадијамските, пак, жени и децата нивни синовите Израилеви ги зедоа во плен; и сиот нивни добиток, и сите стада нивни, и целиот имот нивни го заграбија;
10 сите градови нивни во нивно владение и сите села нивни со оган ги изгореа.
11 И го зедоа сето заграбено, од човек до добиток.
12 И заробените, и ограбеното и заграбеното му го донесоа на Мојсеј, пред свештеникот Елеазар и пред општеството на синовите Израилеви, при населбата во Аравот Моавски, кај Јордан, спроти Јерихон.
13 Тогаш Мојсеј и свештеникот Елеазар и сите кнезови на општеството излегоа надвор од населбата за да ги пречекаат.
14 И се разгневи Мојсеј на воените началници, илјадниците и стотниците, што се беа вратиле од војната,
15 па им рече: »Зошто ги оставивте живи сите жени?
16 ете тие, по советот на Валаама, беа станале причина синовите Израилеви да отстапат и да ги презрат наредбите од Господа, заради Фегор, затоа и дојде оној пораз врз народот Господов.
17 А сега, убијте ги сите деца од машки пол, убијте ги и сите жени, што познале маж на машко легло;
18 а сите деца од женски пол, кои не познаел машко легло, оставете ги живи за себеси.
19 И останете надвор од населбата седум дена; сите, што убиле човек и што се допреле до убиен, очистете се на третиот ден, вие и вашите заробеници;
20 очистете ја и сета облека, сите кожени предмети, си што е направено од козина, и сите дрвени садови.«
21 Потоа им рече свештеникот Елеазар на војниците, што беа отишле во војна: »Еве ги наредбите на законот, кои Господ му ги заповеда на Мојсеја:
22 злато, сребро, бакар, железо, калај и олово,
23 и си што минува низ оган, поминете го низ оган, за да се очисти, а освен тоа, тоа треба да се очисти и со очистителна вода; а си, што не минува низ оган, поминете го низ вода;
24 и облеката исперете ја на седмиот ден, и очистете се, и потоа влезете во населбата.«
25 И му рече Господ На Мојсеја, велејќи:
26 »Преброј го заграбеното, од човек до добиоток, ти и свештеникот Елеазар и началниците од племињата на општеството;
27 и раздели го ограбеното по половина, на оние што војуваа, што одеа во борба, и меѓу целото општество.
28 А од војниците, што беа во војна, земи данок за Господа, од душа петстотини, од луѓе и од говеда, и од овците и од ослите;
29 земи го тоа од нивната половина и дај му го на свештеникот Елеазар за вознесување пред Господа.
30 А од половината, определена за синовите Израилеви, земи по педесет на човек, од луѓето, од говедата, од овците и ослите, и од сите други животни, и дај им го тоа на левитите што служат при скинијата Господова.«
31 И направи Мојсеј и свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
32 И пленот, што остана од грабежот, што го заграбија оние, кои беа отишле во војна, беше: овци шестотини седумдесет и пет илјади,
33 говеда седумдесет и две илјади,
34 осли шеесет и една илјада,
35 луѓе жени, кои не познале машко легло, сите беа триесет и две илјади души.
36 Половината, делот на оние, што беа отишле да се борат, според пребројувањето, беше: овци триста триесет и седум илјади и петстотини, говеда триста и седум илјади и петстотини.
37 На Господа од овците Му се даде шестотини седумдесет и пет;
38 говеда триесет и шест илјади, и од тоа дар за Господа седумдесет и два;
39 осли триесет илјади и петстотини, а дел од нив за Господа шеесет и еден;
40 луѓе шеснаесет илјади, и данок од нив за Господа беше триесет и две души.
41 И му го даде Мојсеј дарот за вознесување пред Господа, на свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
42 И од половината, определена за синовите Израилеви, што ја оддели Мојсеј од оние кои беа отишле во војната,
43 а половината како дел на општеството беше: овци триста и триесет и седум илјади и петстотини,
44 говеда триесет и шест илјади,
45 осли триесет и пет илјади и петстотини,
46 луѓе шеснаесет илјади.
47 Од таа половина, определена за синовите Израилеви, Мојсеј зеде педесетти дел од луѓето и од добитокот и им го даде тоа на левитите, што служеа при скинијата Господова, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
48 И дојдоа при Мојсеја начлниците над илјадите од војската, илјадниците од стотниците,
49 и му рекоа на Мојсеја: »Твоите слуги ги преброија војниците, што ни се доверени, и ниеден од нив не умрел.
50 Еве, Му донесовме принос на Господа кој што нашол златни предмети, алки, гривни, прстења, обетки и веришки, за да се помолат за нас пред Господа.«
51 И го зеде од нив Мојсеј и свештеникот Елеазар златото од сите тие изработки.
52 И сето злато, донесено од илјадниците и стотниците за вознесување пред Господа, беше шеснаесети илјади и седумстотини и педесет сикли.
53 Војниците беа грабала секој за себеси.
54 И го зеде Мојсеј и свештеникот Елеазар, златото од илјадниците и стотниците и го внесоа во скинијата на сведоштвото за спомен на синовите Израилеви пред Господа.