Numbers 26
1 По тој пораз Господ му рече на Мојсеја и на свештеникот Елеазар, син Аронов, велејќи:
2 »Преброј те го целото општество на синовите Израилеви од дваесет години нагоре, според домовите нивни, сите способни за војување во Израилот.«
3 И им рече Мојсеј и свештеникот Елеазар во Аравот моавски кај Јордан, спроти Јордан, спроти Јерихон, велејќи:
4 »Пребројте ги сите од дваесет години и нагоре, како што заповеда Господ, кои излегоа од Египетската земја:
5 Рувим, Израилев првороденец. Рувимовите синови: од Енох – Енохово поколение, од Фалу – Фалуовото поколение,
6 од Асрон – Асроновото поколение, од Харми – Хармиевото поколение;
7 тоа се Рувимовите родови: на број тие беа четириесет и три илјади и шестототини и триесет.
8 Фалуовите синови: Елиав,
9 и Елиавовите синови: Намуил, Датан и Авирон. Тоа се оние Датан и Авирон, познати кај народот, кои предизвикаа смут против Мојсеја и Арона заедно со соучесниците на Кореја, кога тие предизвикаа бунт против Господа;
10 па земјата ја отвори устата своја и ги голтна заедно со Кореја: заедно со нив умреа и соучесниците нивни, кога оган изгоре двесте и педесет човека, и тие станаа за пример;
11 но Кореевите синови не изумреа.
12 Симеоновите синови според поколенијата нивни: од Намуил – Намуиловото поколение, од Јамин – Јаминовото поколение, од Јахин – Јахиновото поколение,
13 од Зара – Заровото поколение, од Саул – Сауловото поколение;
14 тоа се Симеоновите родови при пребројувањето нивно: дваесет и две илјади и двесте.
15 Јудиновите синови: Ир и Авнан, и Силом, Фарес и Зара, но Ир и Авнан умреа во Хананската земја;
16 Јудините синови според поколенијата нивни беа: Силом – Силомовото поколение, од Фарес – Фаресовото поколение, од Зара – Заровото поколение.
17 Фаресови синови беа: од Асрон – Асроновото поколение, од Јамун Јамуновото поколение;
18 тоа се Јудините родови според пребројувањето нивно: седумдесет и шест илјади и петстотини.
19 Исахарови синови според поколенијата нивни: од Тола – Толовото поколение, од Фува – Фувиното поколение,
20 од Јасува – Јасувовото поколение, од Амврам – Амврамовото поколение;
21 тоа се Исахаровите родови, според пребројувањето нивно: шеесет и четири илјади и четиристотини.
22 Завулонови синови според поколенијата нивни: од Саред – Саредово поколение, од Алон – Алоновото поколение, од Алил – Алиловото поколение;
23 тоа се Завулоновите поколенија, според пребројувањето нивно: шеесет илјади и петстотини.
24 Гадови синови според поколенијата нивни: од Сафон – Сафоновото поколение, од Агин – Агиновото поколение, од Сунин – Суниновото поколение,
25 од Азен – Азеновото поколение, од Ад – Адовото поколение,
26 од Ароад – Ароадовото поколение, од Армал – Армаловото поколение;
27 тоа се поколенијата на Гадовите синови, според пребројувањето нивно: четириесет илјади и петстотини.
28 Асирови синови според поколението нивно: од Јамин – Јаминовото поколение, од Јесу – Јесуовото поколение, од Вариј – Вариевото поколение.
29 Од Вариевите синови, од Ховер – Ховеровото поколение, од Мелхиил – Мелхииловото поколение;
30 Името на Асировата ќерка беше Сара;
31 Тоа се поколенијата на Асировите синови според пребројувањето нивно: четириесет и три илјади и четиристотини.
32 Јосифови синови според поколенијата нивни: Манасија и Ефрем.
33 Манасиеви синови: од Махир – Махирово поколение, од Махир се роди Галаад, од Галаада – Галадово поколение.
34 Еве ги Галаадовите синови: од Ахиезер – Ахиезеровото поколение, од Хелек – Хелековото поколение,
35 од Есриила – Есрииловото поколение, од Сухем – Сухемовото поколение,
36 од Симаер – Симаеровото поколение, од Офер – Оферовото поколение.
37 Салпаад, син Оферов, немаше синови, туку само ќерки; имињата на Салпаадовите ќерки беа: Мала, Нуа, Егла, Мелха и Терса;
38 тоа се Манасиевите поколенија; а на број тие беа педесет и две илјади и седумстотини.
39 Еве ги Ефремовите синови според поколенијата нивни: од Судал – Судаловото поколение, од Танах – Танаховото поколение;
40 А еве ги Судаловите синови: од Еден – Еденовото поколение;
41 тоа се поколенијата на Ефремовите синови, според пребројувањето нивно: триесет и две илјади и петстотини. Тоа се Јосифовите синови според поколенијата нивни.
42 Венијаминовите синови според поколенијата нивни: Вал – Валовото поколение, од Асивир – Асивировото поколение, од Јахиран – Јахирановото поколение;
43 од Софан – Софановото поколение;
44 Валови синови беа: Адер и Ноеман: од Адер – Адеровото поколение, од Ноемана – Ноемановото поколение;
45 тоа се Венијаминовите синови според поколенијата нивни; а на број тие беа четириесет и пет илјади и шестотини.
46 Еве ги Дановите синови според поколенијата нивни: од Самеј – Самеовото поколение;
47 А сите Самеови поколенија според пребројувањето нивно беа: шеесет и четири илјади и четиристотини.
48 Нефталимови синови според поколенијата нивни: од Асил – Асиловото поколение, од Гаун – Гауновото поколение;
49 од Јесер – Јесеровото поколение, од Селим – Селимовото поколение;
50 тоа се Нефталимовите поколенија според пребројувањето нивно: а на број тие беа четириесет и пет илјади и четиристотини.
51 Тоа се влезените во пребројувањето синови Израилеви: шестотини и една илјада и седумстотини и триесет.«
52 И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
53 »Ним да им се подели земјата во наследство, според бројот на имињата;
54 на помногубројните дај им поголем дел, а на помалубројните дај им помал дел: секому треба да му се даде дел сразмерно со бројот на влезените во пребројувањето;
55 земјата треба да се подели со жреб, тие треба да добијат наследство според имињата на нивните родови;
56 со жреб да им се поделат нивните делови помеѓу нив – како на многубројните, така и на малубројните.«
57 Тие се Левиевите синови, што влегоа во пребројувањето според поколенијата свои: од Гирсон – Гирсоновото поколение, од Кат – Катовото поколение, од Мерари – Мерариевото поколение.
58 Ова се Левиевите родови: Ловеновото поколение, Хевроновото поколение, Мусиновото поколение и Кореевото поколение. Од Кат се роди Амрам.
59 Името на Амрамовата жена беше Јохавед, ќерка Левиева, која е родена од Левиевата жена во Египет, а таа му го роди на Амарма Арона, Мојсеја и Маријам, нивната сестра.
60 На Арона му се родија Надав и Авиуд, Елеазар и Итамар;
61 но Надав и Авиуд умреа, кога принесоа туѓ оган пред Господа во Синајската пустиња.
62 Сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа преброени дваесет и три илјади; тие не беа преброени заедно со синовите Израилеви, зашто не им беше даден дел меѓу синовите Израилеви.
63 Тоа се преброените од Мојсеја и свештеникот Елеазар, кои ги преброија синовите Израилеви во Аравот моавски кај Јордан, спроти Јерихон;
64 меѓу нив немаше ни еден од оние, кои Мојсеј и свештеникот Арон ги преброија, кога ги пребројуваа синовите Израилеви во Синајската пустиња;
65 зашто Господ им беше рекол: »Тие ќе изумрат во пустињата.« И никој од нив не остана, освен Јефониевиот син Халев и Навиновиот син Исус.