Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Numbers 12

:
Macedonian - 1990
1 Тогаш Маријам и Арон го прекоруваа Мојсеја поради жената Етиопјанка, што ја беше зел, зашто тој се беше оженил со Етиопјанка;
2 и рекоа: »Само на Мојсеја ли му зборува Господ? Не ни говореше ли Он и нам?« И Господ го чу тоа.
3 А Мојсеј беше најкроткиот човек меѓу сите луѓе на земјата.
4 И им рече Господ веднаш на Мојсеја, Арона и на Маријам: »Излезете вие тројца пред скинијата на сведоштвото!« Тие излегоа и тројцата.
5 И слезе Господ во облаков столб, застана при влезот од скинијата на сведоштвото, па го повика Арона и Маријам, и тие излегоа и двајцата.
6 И рече: »Чујте ги Моиве зборови: ако меѓу вас има пророк Господов, Јас му се откривам во видение, на сон говорам со него;
7 не е така, меѓутоа со Мојот слуга Мојсеј, тој е верен на целиот Мој дом:
8 Јас говорам со него уста со уста, и јавно, а не преку гатање, и тој ја виде славата Господова; а вие како не се исплашивте да го прекорувате Мојот слуга Мојсеја?«
9 И се разгори гневот на Господа против нив, и Он си отиде.
10 Се повлече и облакот од скинијата, и ете, Маријам беше прокажена со лепра, бела како снег. Арон ја погледна Маријам, и, ете, таа е лепрозна.
11 И му рече Арон на Мојсеја: »Помоли Го Господа ова да не ни го смета за грев, бидејќи не знаевме дака погрешивме;
12 не оставај таа да остане како мртвородено младенче, чие тело, кога излегува од мајкината утроба, до половина веќе е гнило.«
13 И се обрна Мојсеј кон Господа, велејќи: »Боже, Ти се молам, исцели ја.«
14 Му рече Господ на Мојсеја: »Ако татко и ја беше плукал во лице, не ќе требаше ли таа да се срамува седум дена! И така, таа да биде затворена седум дена надвор од населбата, а потоа пак да се врати.«
15 И се одлучи Маријам да биде затворена надвор од логорот седум дена, и народот не тргна на пат, додека таа не се врати.