Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Nehemiah 6

:
Macedonian - 1990
1 Кога слушна Санавалат, Товија и Гисам, Арабјанинот и другите наши непријатели, дека јас го изѕидав ѕидот, и повреда на него не остана до тоа време, меѓутоа, не бев поставил уште врати на портите,
2 тогаш Санавалат и Гисам испратија да ми кажат: »Дојди, и ќе се сретнеме во едно од селата во рамината Оно!« Тие кроеја да ми направат лошо.
3 Но јас испратив пратеници да им кажат: »Зафатен сум со голема работа, не можам да слезам; работата ќе запре, ако ја оставам и слезам при вас.«
4 Четирипати испраќаа при мене сѐ со таква покана и јас им одговарав исто.
5 Тогаш Санавалат го испрати по мене, за петти пат, слугата свој со отворено писмо во раката своја.
6 Во него беше напишано: »Глас се разнесува меѓу народите, и Гисам вели, дека божем ти и Јудејците сте намислиле да се отцепите, и поради што и го ѕидаш ѕидот и сакаш да им бидеш цар, така се зборува;
7 си поставил и пророци да разгласуваат за тебе во Ерусалим и да говорат: ‚цар јудејски!‘ А таквите зборови ќе дојдат до царот. Затоа дојди, и ќе се посоветуваме заедно.«
8 Но јас испратив да му кажат: »Ништо такво немало, за што зборуваш; сам си го измислил со својот ум.«
9 А тие сите нѐ плашеа, велејќи: »Ќе им капнат рацете од таа работа, и таа нема да се заврши.« Но јас уште повеќе си ги зацврстив рацете свои.
10 Отидов во куќата на Семеја, син на Делаја, син Метавеилев, и тој се затвори и рече: »Да појдеме во Божјиот дом, внатре во храмот, и да ја заклучиме потоа вратата на храмот, зашто ќе дојдат да те убијат ноќе.«
11 Но јас одговорив: »Бива ли да бега човек како мене? Бива ли така како мене да влезе во храмот, за да остане жив! Не одам.«
12 Јас знаев, дека не го беше испратил Бог, иако ми говореше пророчки, туку дека Товија и Санавалат го беа поткупиле.
13 Тој беше поткупен, за да ме упраши, да постапам така и да згрешам, та да имаат за мене лошо мислење и да ме казнат за тоа со прекори.
14 Помни ги, Боже мој, Товија и Санавалата според тие нивни дела, а исто така и пророчицата Ноадија и другите пророци, што сакаа да ме уплашат?
15 Ѕидот беше завршен во дваесет и петтиот ден од месецот Елум, за педесет и два дена.
16 Кога слушнаа за тоа сите наши непријатели, и ги видоа тоа сите околни народи, многу се обескуражија и дознаа дека таа работа и извршена од нашиот Бог.
17 Освен тоа, во тие дни повидните Јудејци, пишуваа писма и ги испраќаа до Товија, а Товиевите писма одеа при нив,
18 зашто мнозина во Јудеја беа во клетвен сојуз со него, оти тој му беше зет на Сехенија, син Ираев, а синот негов Јонатан беше женет за ќерката на Месулама, син Варахиев.
19 Тие говореа пред мене дури и за неговата добрина, а моите зборови му се пренесуваа нему. Товија ми испраќаше писма, за да ме уплаши.