Nehemiah 12
1 Еве ги свештениците и левитите, што дојдоа со Зоровавела, синот Салатиилев, и со Исуса: Сараија, Јеремија, Ездра.
2 Амарија, Малух, Атуј,
3 Сеханија, Реум, Маримот,
4 Адија, Ренатон, Авија,
5 Мијамин, Мадија, Велга,
6 Семија, Јомарса, Идија,
7 Салуј, Амук, Хелкија, Одуија. Тоа се начланиците на свештениците и браќата нивни во дните на Исуса.
8 А левитите: Исус, Матанија, главен при славословијата, тој и браќата негови,
9 и Раквакија и Анај, нивни браќа, кои заедно со нив чуваа стража.
10 Исус го роди Јоакима, Јоаким го роди Елијасива, Елијасив го роди Јодаја,
11 Јодај го роди Јонатана, Јонатан го роди Адуја.
12 Во дните на Јоакима беа свештеници и старешини: од Сераиевиот дом – Мераија, од Јеремиевиот дом Ананија,
13 од Ездровиот дом – Месулам, од Амариевиот дом – Јонатан,
14 од Мелихуевиот дом – Јонатан, од Саваниевиот дом – Јосиф,
15 од Херимовиот дом – Адна, од Мерајотовиот дом – Елкај,
16 од Идовиот дом – Захарија, до Гинетовиот дом – Месулам,
17 од Авиевиот дом – Зехрија, од Мијаминовиот дом и Моадаевиот дом – Фелетиј,
18 ов Валгасовиот дом – самуеј, од Семиевиот дом – Јонатан,
19 од Јоаривовиот дом – Матанај, од Едиевиот дом – Озиј,
20 до Салаивиот дом – Калај, до Амаковиот дом – Авед,
21 од Еликиевиот дом – Асавија, од Једиевиот дом – Натанаил.
22 Левитите, старешините, беа запишани во списокот во дните на Елијасива, Јојада, Јоа, и Јоанана, и исто така и свештениците за царувањето на Дарија персиски.
23 Синовите Левиеви, племенските старешини се запишани во летописот до дните на Јоханана, Елијасивовиот син.
24 Началници на левитете беа: Асавија, Саравија, и Исус, Кадмиловиот син, и браќата нивни, при нив поставени за славословие при благодаренијата, според наредбата на Давида, Божји човек, смена по смена.
25 Матанија, Ваквакија, Авдија, Месулам, Телмон, и Акув беа вратари, кои чуваа стража при вратните прагови.
26 Тие беа во дните на Јоакима, синот на Исуса, Јоседеков син, и во дните на Неемија и на свештеникот Ездра, книжник.
27 Кога требаше да се осветуваат ерусалимските ѕидови, ги повикаа левитете од сите места, и им заповедаа да дојдат во Ерусалим, за да се изврши осветувањето и радосното празнување во славословија и песни, при звукот на кимвали, псалтири и гусли.
28 Се собраа синовите на певците од Ерусалимскиот округ и од селата Нетофатски,
29 и од – Галгал, и од полињата Гевски и Азмаветски, зашто певците си беа изградиле села во околината на Ерусалим.
30 И се очистија свештениците и левитите, го очистија и народот и портите и ѕидовите.
31 Тогаш ги изведов на ѕидот јудејските началници и поставив два големи збора певци, и едниот од нив одеше десно по ѕидот кон Гноишните порти.
32 По нив одеше Осија и половината јудејски началници:
33 Азарија, Ездра, Месулам,
34 Јуда, Венијамин, Семаија и Јеремија;
35 а од синовите свештенички со труби: Захарија, син на Јонатана, син на Семаија, син на Матанија, син на Михеја, син на Закхура, Асафов син,
36 и браќата негови: Самаија, Озиил, Гелол, Маја, Натанаил, Јуда и Ананиј со свирките на Давида, Божјиот човек, и книжникот Ездра пред нив.
37 До Изворните Порти, спроти нив, тие излегоа по степеништата на Давидовиот град, по скалите, што водеа кон ѕидот над Давидовиот дом, до Водните Порти на исток.
38 Другиот збор врвеше наспроти нив, а по него јас и половината од народот, по ѕидот од Кулата кај печката до широкиот ѕид,
39 и од Ефремовите Порти, покрај старите порти и Рибните Порти и кулата Анамеилова, и кулата Емат, кон Овчите Порти, и застанавме при Затворските Порти.
40 Потоа и обата збора застанаа пред Божјиот дом, а и јас и половина начланици со мене,
41 и свештениците: Елијаким, Масеја, Минијамин, Михеј, Елиоенај, Захарија и Ананија со трубите,
42 Масија, Семаија, Елеазар, Озиј, Јоханан, Мелхија, Елеамиј и Језур. А певците пееја високо; водач им беше Језрија.
43 Во тој ден се принесоа големи жртви и се веселеа, зашто Бог им беше дал голема радост. Се радуваа и жените, и децата и веселбата ерусалимска се слушаше надалеку.
44 Во истиот ден беа поставени луѓе над одделите за приноси од првините и десетоците, за да собираат од нивите при градовите делови, поределени со Законот за свештениците и левитите, зашто на Јудејците им беше драго да ги гледаат свештениците и левитите кои стоеја,
45 и вршеа служба на својот Бог и работите околу очистувањето и беа певци и вратари, според наредбата на Давида и синот негов Соломона.
46 Оти уште одамна, во дните на Давида и Асафа, беа установени главни певци, како и песна за Бога, пофални и благодарствени.
47 Сите Израилци во дните на Зоровавела и во дните на Неемија им даваа делови на певците и на вратарите како храна за секој ден, и им даваа посветена на левитите, а левитите им даваа посветена на Ароновите синови.