Micah 71990

1Тешко мене, зашто со мене е сега како по собирање на летните плодови, како по гроздобер; ни зрнце за каснување, ниту зрел плод, што би посакала душата моја.

2Нема веќе милосрдни по земјата, нема праведни меѓу луѓето; сите кројат сплетки, за да проливаат крв; секој му става на брата си стапица.

3Рацете им се приготвени за да прават зло: началникот сака подароци, судијата суди за поткуп, а големците пројавуваат лоши похоти на душата своја и ја изопачуваат правдата.

4Најдобриот од нив им е како трн, а справедливиот им е полош отколку ограда од трње. Денот на Твоите предвесници, денот на Твојата посета наближува; и сега ќе ги опфати смут.

5Не верувајте му на другарот, не потпирајте се на пријателот; пред онаа, што лежи во твојата постела, не отворај ја широко устата своја.

6Зашто синот го напаѓа татка си, ќерката се противи на мајка си, снаата станува против свекрвата; непријатели на човекот му се неговите домашни.

7Јас, пак, гледам кон Господа, е за моето спасение ќе се надевам на Бога; мојот Бог ќе ме чуе.

8Не радувај се за мене, неријателко моја! Иако сум паднат, јас ќе станам; макар што сум сега во мрак; Господа е мојата светлина.

9Ќе го поднесувам гневот Господен, – зашто сум згрешил пред Него – додека не го реши делото мое и не ме осуди; тогаш Он ќе ме изведе на светлина, и јас ќе ја видам правдата Негова.

10И ќе го види тоа мојата непријателка и срам ќе ја покрие онаа што ми велеше: »каде е Господ, твојот Бог?« И ќе го видат тоа очите мои – и таа ќе биде згазена како кал на улица.

11Во она време, кога ќе се изѕидаат ѕидовите твои, во тоа време границите ќе се прошират надалеку.

12Во оној ден ќе пристигнат при тебе од Асирија до Египет, од Тир до Реката, и од море до море и од планина до планина.

13А таа земја ќе биде пустиња поради гревовите на жителите нејзини, и поради плодовите на делата нивни.

14Паси го со жезалот народот Твој, овците на наследството Свое, оние, што живеат обединети во гората среде Кармил, остави ги да пасат тие во Васан и Галад како во стародревните дни!

15Ќе му покажам чудесни дела како во времето кога ти излезе од Египетската земја.

16Ќе го видат тоа народите и ќе се засрамат при сета таа сила; ќе стават рака на устата своја, и ушите нивни ќе се заглушат.

17Ќе лижат прав како змии и како црвјата што излегуваат од земја, ќе излегуваат од своите гнезда; ќе се уплашат од Господа, од нашиот Бог, и ќе се уплашат од Тебе.

18Кој Бог е како Тебе, за да ги простува беззаконијата, да мине преку престапите на остатокот од Своето наследство? Он вечно не се гневи, зашто има обичај да се смилува.

19Он пак ќе се смили над нас и ќе ги избрише нашите беззаконија. Он ќе ги фрли сите наши гревови во морските длабочини.

20Ти ќе покажеш верност кон домот на Јакова, милост кон Авраама, како што со клетва си им ветил на татковците наши од првите дни.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 © Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

Choose Translation

Switch translation for Micah 7.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.