Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Micah 5

:
Macedonian - 1990
1 Утврди се сега тврдино. И пак сме опседнати, со прат ќе го бијат по образите судијата на Израилот.
2 И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е од почетокот, од вечноста.
3 Затоа Он ќе ги остави до времето додека роди онаа, кој треба да роди; тогаш при синовите Изаилеви ќе се вратат и нивните други браќа.
4 Ќе застане Он и ќе ги пасе со силата на Господа, со величието на името Господово, својот Бог и тие ќе живеат во мир, зашто тогаш Он ќе биде велик до краиштата на земјата.
5 И Он ќе биде мирот. Кога ќе дојде Асур во нашата земја и ќе стапи во нашето владение, тогаш ние против него ќе поставиме седум пастири и осум народни кнезови.
6 Тогаш тие ќе ја испасат земјата Асур со меч, а земјата на Немрода покрај портите, и Он ќе нѐ избави од Асура, кога ќе дојде во нашата земја и ќе влезе во пределите наши.
7 А остатокот од Јакова меѓу многуте народи ќе биде како роса од Господа, како ситен дожд по трева. Он нема да зависи од човек и нема да се потпира на синовите Адамови.
8 И остатокот на Јакова ќе биде меѓу народите, меѓу многу племиња, како лав меѓу горски ѕверови, како лавче меѓу овчо стадо; и кога ќе се појави, ќе гази и ќе растргнува и никој не ќе може да се спаси од него.
9 Тогаш ќе се крене раката Твоја над непријателите Твои и тие ќе бидат истребени.
10 И во оној ден, вели Господ, ќе ги истребам коњите твои пред тебе и ќе ги уништам колите твои;
11 и ќе ги сотрам градовите во твојата земја и ќе ги растурам сите тврдини твои;
12 ќе ги истргнам магиите од рацете твои, и при тебе не ќе има веќе вражачи;
13 ќе ги уништам идолите и резаните ликови меѓу тебе и нема веќе да се клањаш на творби од рацете твои;
14 и ќе го искоренам од твојата средина идолските светилишта и ќе ги разорам градовите твои.
15 Во гнев и со негодување ќе се одмаздам над народите што ќе бидат непослушни.