Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Mark 13

:
Macedonian - 1990
1 А кога излегуваше од храмот, еден од учениците Негови Му рече: »Учителе, гледај какви камења и какви згради!«
2 Исус, пак, му одговори и рече: »Ги гледаш ли овие големи згради? Ни камен на камен нема да остане овде, што не ќе биде урнат.«
3 А кога седеше на Елеонската Гора, спроти храмот, Го прашаа насамо Петар, Јаков, Јован и Андреја:
4 Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот, кога ќе се изврши сето тоа?
5 Исус, одговарајќи им, почна да зборува: »Чувајте се да не ве прелаже некој.
6 Оти мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи дека сум Јас; и ќе прелажат мнозина.
7 А кога ќе чуете за боеви и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да стане; но тоа уште не е крајот.
8 Ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; а на некои места ќе има потреси, и глад, и маки. Тоа е почетокот на болките.
9 Но вие чувајте се сами, зашто ќе ве предадат на судови; а по синагогите ќе ве бијат, и пред управници и пред цареви ќе бидете изведени заради Мене, за сведоштво пред нив.
10 И кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието.
11 Кога, пак, ќе ве поведат, за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе говорите, ниту размислувајте; а она, што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; не сте вие што ќе зборувате, туку Светиот Дух.
12 И брат брата ќе предаде на смрт, и татко чедо, и ќе ги убијат.
13 Ќе бидете намразени од сите заради Моето име; кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен.
14 А кога ќе видите, ‚мерзоста на запустението‘, како што рекол пророкот Даниил, да стои каде што не треба кој чита, нека разбере тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат по планините;
15 и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од куќата своја;
16 и кој е на нива, да не се враќа за да го земе облеклото свое!
17 Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни!
18 Туку молете се, бегањето ваше да не биде зиме!
19 Зашто во тие дни ќе биде мака, каква не била досега од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да биде.
20 И ако Бог не ги скратеше тие дни, тогаш не би се спасил ниеден човек; но заради избраните, кои ги избра Он, ќе ги скрати дните.
21 Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, овде е Христос‘, или ‚Ене, таму е‘, не верувајте!
22 Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните.
23 Но вие чувајте се: ете, сѐ однапред ви кажав!
24 Во тие дни, по жалоста, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина,
25 и ѕвездите небески ќе попаѓаат, и силите, што се на небото, ќе попуштат.
26 И тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како иде на облаци со голема слава и сила.
27 И Он тогаш ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.
28 Со смоквата направете споредба: кога нејзините гранки се подмладат и пуштат лисја, знаете дека е близу летото.
29 Па така и вие, кога ќе го видите сето тоа да станува, знајте дека е близу, пред врата!
30 Вистина ви велам: нема да помине овој род, дури сето тоа не се збидне.
31 Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.
32 А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот.
33 Внимавајте, бидете будни и молете се, оти не знаете кога ќе настане времето.
34 Како човек, кој заминувајќи, ја остава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому своја работа, и на вратарот му заповеда да биде буден.
35 Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или петлите кога ќе пропеат, или наутро;
36 па да не дојде ненадејно и да ве затече да спиете.
37 А што ви зборувам вам, им го зборувам и на сите: ‚Бидете будни!‘«