Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Malachi 4

:
Macedonian - 1990
1 Зашто, ете, ќе настапи ден, кој гори како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот оние што иде, вели Господ Саваот; и така, нема да остане од нив ни корен, ниту гранчиња.
2 А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата, и исцеление ќе има во зраците негови, и вие ќе излезете и ќе се разиграте како нахранети теленца;
3 и ќе ги газите нечестивите, оти тие ќе бидат прав под стапалата на нозете ваши во тој ден, што јас ќе го приготвам, вели Господ Саваот.
4 Помнете го законот на Мојсеја, слугата Мој, кому му заповедав на Хорив за сиот Израил, како и правилата и наредбите.
5 Ете, Јас ќе го пратам при вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господен големиот и страшниот.
6 И тој ќе ги обрне срцата на татковците кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, па кога ќе дојдам, за да не ја поразам земјата со проклетство.