Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Leviticus 6

:
Macedonian - 1990
1 Пак му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
2 »Ако некој згреши и направи престап против заповедите на Господа и го откаже на ближниот свој она, што му дал на чување, или од него украдено, или пак, го измами својот близок,
3 или нашол нешто загубено и тоа го одрече, или лажно се заколне за која и да било работа, што луѓето обично го прават и со тоа грешат,
4 па кога така згреши и направи престап, тој треба да го врати она што го украл, или сосила го присвоил, или повереното што му било дадено на чување, или што го нашол како загубено.
5 За секоја работа, за која се заколнал криво, нека го врати она истото, и на тоа нека му додаде уште петти дел на оној чие е; тоа да му го даде во оној ден кога ќе биде обвинет за својот грев.
6 А за престапот свој нека Му принесе на Господа кај свештеникот овен од стадото свое, здрав, според процена на престапот;
7 а свештеникот нека Му се помоли за него на Господа, и ќе му се прости секоја работа, со која згрешил или направил престап.«
8 И пак му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
9 »Заповедај му на Арона и на синовите негови, и кажи им: ова е законот за жрви сепаленици жртвата сепаленица нека гори врз жртвеникот цела ноќ до изутрина; и огнот нека гори на жртвеникот и да не се гасне.
10 Свештеникот нека ја облече ленената одежда, а и ленената долна облека нека ја облече на телото свое, па потоа нека ја собере пепелта од жртвата што огнот ја изгорел и нака ја стави покрај жртвеникот.
11 А откако ќе ги соблече одеждите свои и облече други, нека ја изнесе пепелта надвор од логорот на чисто место.
12 А огнот што е на жртвеникот, нека гори на него, да не се гасне. Свештеникот нека клава врз огнот дрва секое утро, и нека ја поставува на него жртвата сепаленица, нека го гори на него лојот од жртвата за спасение.
13 Огнот да гори постојано на жртвеникот, нека не се гасне.
14 Тоа е законот за жртвите: што ќе ги принесуваат синовите Аронови пред Господа при жртвеникот.
15 Свештеникот нека земе грст од жртвата и од пченичното брашно и од елејот и целото кадиво, што е врз жртвата, и нека го изгори, тоа на жртвеникот како спомен за благопријатен мирис пред Господа.
16 А она што ќе преостане од неа, му припаѓа за јадење на Арона и на синовите негови; нека го јадат пресно, на свето место; во дворот од скинијата на сведоштвото нека го јадат.
17 Да не се пече со квас: тоа е дел што им го давам како дар од приносите Господови; тоа е најголемата светиња како жртвата за грев и жртвата за престап.
18 Секое машко меѓу синовите Аронови нека го јаде. Тоа е вечен закон за потомството нивно од приносите на Господа; секој, што ќе се допре до него, ќе биде осветен.«
19 И уште му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
20 »Тоа е дарот од Арона и синовите негови што ќе Му го принесуваат на Господа во оној ден кога ќе биде помазан: десетти дел од мерката ефа пченично брашно како постојана жртва, половина за наутро, а другата половина за навечер.
21 Жртвата треба да се приготвува во тава, со елеј; со елеј и во парчиња принесувај ја; принесувај ја како благопријатен мирис пред Господа.
22 А свештеникот меѓу синовите негови, што ќе биде помазан по него, нека го прави тоа; тоа е вечен закон што ќе се извршува.
23 И секоја свештеничка жртва треба целата да се гори, и да не се јаде.«
24 И пак му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
25 »Кажи му на Арона и на синовите негови, и речи им: тоа е закон за жртвата поради грев на местото каде што се коле жртвата сепаленица, на тоа место нека се коле и жртвата за грев пред Господа, бидејќи тоа е најголемата светиња.
26 Свештеникот што ќе ја принесува, нека јаде; на свето масто нека ја јаде, во дворот од скинијата на сведоштвото.
27 Сѐ што ќе се допре до местото нејзино ќе се освети; а ако некој ја испрска облеката своја со крвта нејзина, оној дел што ќе биде испрскан нека го испере на свето место.
28 И садот земјен, во кој се варела, нека се скрши; ако е, пак, готвена во бакарен сад, нека се истрие со вода нека се измие.
29 Секое машко меѓу свештениците нека го јаде тоа; тоа е најголема светиња пред Господа.
30 А секоја жртва за грев, од која се внесува крв во скинијата на сведоштвото, за да се изврши очистување во светилиштето, да не се јаде; тоа треба да се изгори.«