Leviticus 241990

1И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

2»Заповедај им на синовите Израилеви да земат чист маслинов елеј, исцеден за осветување, та светлото да гори секогаш

3зад завесата во скинијата на сведоштвото, а ќе го палат Арон и синовите постојано пред Господа од вечерта дури до утрината; и тоа нека ви биде вечна наредба во родовите ваши.

4На чистиот свеќник палете ги светилата постојано пред Господа дури до утредента;

5и земете пченично брашно и измесете од него дванаесет лебови – секој леб да тежи по две десетини ефа;

6поставете ги во два реда, по шест во ред, на чистата трпеза пред Господа.

7И во секој ред ставете и ливан, како и сол; и тоа нека биде крај лебовите како спомен на приносот за Господа.

8Секој саботен ден постојано да се предлагаат лебови пред Господа од синовите Израилеви: тоа е вечен завет.

9Тие да му припаѓаат на Арона и на синовите негови за да ги јадат на свето место; тоа е голема светиња, дел од жртвите за Господа, овековечена со закон.«

10Тогаш излезе синот на една жена Израилка, што го беше родила со Египтјанин, меѓу синовите Израилеви и се скара со еден Израилец во населбата;

11и синот на Израилката похули на Господовото име. И го доведоа кај Мојсеја; името на мајката негова беше Саломит, Давринова ќерка од племето Даново;

12па го ставија в затвор додека не се донесе за него пресуда според заповедта Господова.

13И му рече Господа на Мојсеја велејќи:

14»Изведи го оној што хулеше надвор од живеалиштето, а и сите што чуја, нека ги стават рацете свои врз главата негова и целиот народ нека го убие со камења,

15и кажи им на синовите Израилеви: секој што ќе похули на својот Бог, ќе го прими својот грев;

16и оној што ќе го навреди името Господово, треба да умре, со камења да го убие сиот народ; било да е тој придојден или тукашен, ако похули на името Господово, да умре.

17Кој ќе убие човек, да биде умртвен.

18Кој ќе удри добиток и тој умре, да го плати – добиток за добиток.

19На оној, што ќе му нанесе повреда на ближен, да му се направи и нему она што го направил тој;

20прелом за прелом, око за око, заб за заб; како што му нанел повреда на човек, така и нему да му се направи.

21И кој удри човек и умре, да биде умртвен.

22Една правда да има како за придојден така и за тукашен, затоа што Јас сум Господ, вашиот Бог.«

23Тогаш Мојсеј им кажа си на синовите Израилеви; и го изведоа оној што беше похулил надвор од населбата и сиот народ го уби со камења; синовите Израилеви направија така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 © Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

Choose Translation

Switch translation for Leviticus 24.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.