Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Leviticus 17

:
Macedonian - 1990
1 И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
2 »Кажи му на Арона и на синовите негови и на сите синови Израилеви и речи им: еве што заповеда Господ, велејќи:
3 ако некој од синовите Израилеви или придојден, присоединет кон вас, заколе теле или овца или коза во населбата, или надвор од населбата,
4 а не го приведе при влезот од скинијата на сведоштвото, за да принесе сепаленица или жртва за спасение, угодна пред Господа, со благопријатен мирис, и ако некој заколе надвор од населбата и не го донесе при влезот од скинијата на сведоштовото, за да Му принесе дар на Господа пред скинијата Господова, тогаш тој човек да се обвини за крв: тој пролеал крв, да се истреби од народот негов.
5 Така да ги принесуваа синовите Израилеви жртвите свои, што ги колат в поле и да ги приведуваат пред Господа при влезот од скинијата на сведоштвото, кај свештеникот, и да ги колат пред Господа како жртви за спасение,
6 и за да излие свештеникот крв околу жртвеникот пред Господа при влезот од скинијата на сведоштвото и да ги изгори лојот за благопријатен мирис пред Господа.
7 И да не принесуваа залудо жртви свои на идоли, во кои самите блудствуваат следејќи ги. Ова нека биде вечна наредба и за поколенијата ваши.
8 Кажи им уште ако некој од домот Израилев или од придојдените, кои живеат меѓу вас, принесува сепаленица или жртва
9 и да не ја приведе при влезот од скинијата на сведоштвото, за да ја принесе пред Господа, таа душа да се истреби од народот свој.
10 Ако, пак, некој од домот Израилев или од придојдените, што живеат меѓу вас, јаде каква и да било крв, тогаш Јас ќе го свртам лицето Мое против душата на оној, што ќе јаде крв, и ќе го истребам од народот Мој,
11 зашто душата на секое тело е неговата крв, и Јас ви ја дадов за жртвеникот за да се молите за душите ваши, бидејќи таа крв ќе се помоли место душата.
12 Поради тоа и им реков на синовите Израилеви: ниедна душа меѓу вас не смее да јаде крв, па ни придојдениот, кој живее меѓу вас, не смее да јаде крв.
13 А, ако некој од синовите Израилеви и придојдените, што живеат меѓу вас, фати во лов ѕвер или птица, што се јаде, да ја пушти крвта да истече и да ја покрие со земја,
14 зашто душата на секое тело е во крвта негова и им реков на синовите Израилеви: не јадете крв од никакво тело, бидејќи душата на секое тело е во крвта негова, секој што ќе ја јаде ќе се истреби.
15 И секој што јаде мрша или ѕверојадина, ваш или придојден, нека ја испере облеката своја, да го измие телото свое со вода и ќе биде нечист до вечерта, а потоа ќе биде чист.
16 Ако, пак, не ги испере алиштата свои, и не го измие телото свое со вода, ќе го прими своето беззаконие врз себе«.