Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Leviticus 14

:
Macedonian - 1990
1 И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
2 »Еве го законот за лепрозен, кога се извршува неговото очистување: во денот кога треба да го доведат кај свештеникот.
3 Свештеникот треба да излезе надвор од населбата, па ако увиди дека тој се исцерил од лепрата,
4 да нареди за оној што се очистил да се замат две чисти живи птици, кедрово дрво, црвениот јаток и исоп.
5 Потоа свештеникот да заповеда да се заколе една од приците над глинен сад, над изворска вода;
6 и да ја земе живата птица, кедровото дрво, црвениот јаток и исопот, и да ги натопи нив и живата птица во крвта на птицата заклана над живата вода,
7 и попрскувајќи го седумпати оној, што се очистил од лепрата, да го прогласи за чист, а живата птица да ја пушти в поле на слобода.
8 Оној, што се очистил, да ги испере алиштата свои, да ја истриже сета коса, да се измие со вода, и ќе биде чист; потоа да влезе во населбата и да престои седум дена надвор од домот свој.
9 На седмиот ден да се избричат сите влакна на главата, на брадата, на веѓите сите влакна да ги избричат и да ги испере алиштата, потоа да го измие телото свое со вода, и ќе биде чисто;
10 на осмиот ден да земе две машки јагниња, едногодишни, без недостаток, и една овца едногодишна без мана како и три десетини од ефа пченично помешано брашно со елеј, со лебен принос, и една мерка елеј.
11 Свештеникот, што ќе го врши очистувањето, да го претстави оној што се очистува заедно со приносот пред Господа при влезот од скинијата на сведоштвото.
12 И ќе го земе свештеникот едното јагне и ќе го приведе како жртва за престап, и мерка со елеј, а ќе го принесе тоа, положувајќи ги пред Господа;
13 и ќе го заколе јагнето на она место, каде што се колат жртвите сепалеции поради грев, и тоа на свето место, зашто жртвата за грев како и за престап му припаѓа на свештеникот: тоа е светост над светостите.
14 И свештеникот ќе земе од крвта на жртвата за престап и ќе го намаже крајчето од десното уво на оној кој се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога.
15 Потоа свештеникот ќе земе елеј од чашата и ќе го излие во својата лева рака,
16 Па ќе го натопи својот десен прст во елејот што му е во левата рака, и со прстот ќе попрска од елејот седумпати пред Господа,
17 а со остатокот од елејот, што му е во раката, ќе го намачка крајчето од десното уво на оној што се очистува, и палецот на десната нога, и палецот на десната рака, на оние места каде што е крвта од жртвата поради престап.
18 Преостанатиот, пак, елеј, што му е во раката на свештеникот, тој ќе го излие врз главата на оној што се очистува; и свештеникот ќе се помоли за него пред Господа.
19 Потоа свештеникот ќе ја принесе жртвата за грев и ќе се помоли за оној што се очистува од гревот свој, а потоа ќе ја заколе жртвата сепаленица.
20 и ќе ги принесе жртвата сепаленица и лебниот принос на жрвеникот пред Господа; потоа свештеникот ќе се помоли за него и тој ќе се очисти.
21 Ако е, пак, сиромав и не е во можност, тој нека земе едно едногодишно јагне за она во што престапил, за да се помоли свештеникот за него, и еден десетти дел од ефа пченично брашно, помешано со елеј, како лебен принос, и една чаша со елеј,
22 и две грлици или два млади гулаба, што ќе најде, едната од тие птици да е жртва за грев, а другата како жртва сепаленица.
23 На осмиот ден, за да се очисти, да му ги донесе тој на свештеникот при вратата од скинијата на сведоштвото, пред Господа.
24 Свештеникот ќе го земе јагнето како жртва за престап и мерката со елеј, за да ги принесе, како жртва пред Господа.
25 И, штом ќе го заколе јагнето како жртва за престап, свештеникот ќе земе од крвта на жртвата за престап и ќе го намаже крајчето од десното уво на оној, кој се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога.
26 А од елејот свештеникот ќе излие во својата лева рака;
27 и со десниот прст, од елејот што му е во раката, да попрска седумпати со прст пред Господа.
28 И да го намаже свештеникот со елеј, од оној што му е во раката, крајчето на десното уво на оној што се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога, на она место каде што е крвта од жртвата за престап.
29 Остатокот, пак, од елејот што му е во раката, да ги излие врз главата на оној што се очистил, и да се помоли за него пред Господа.
30 Потоа нека ја принесе свештеникот едната грлица, или едниот млад гулаб, каков што ќе најде, оној, кој се очистува;
31 едната птица жртва за грев, а другата жртва сепаленица заедно со лебникот принос; и нека се помоли пред Господа за оној, кој се очистува.«
32 Тоа е законот за оној што добил лепра, а при чистењето нема доволно средства.
33 И им рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејќи:
34 »Кога ќе влезете во земјата Хананска, што ви ја давам да ја владеете, и испратам лепра во куќите што ќе бидат ваши,
35 тогаш оној, чија е куќата, треба да отиде кај свештеникот и да каже во мојата куќа се појави рана.
36 А свештеникот ќе нареди куќата да се изпразни пред да влезе тој за да ја прегледа заразата, за да не стане нечисто сѐ што е во куќата, потоа свештеникот ќе влезе и ќе ја прегледа куќата.
37 И тој, кога ќе ја прегледа раната и види дека заразата по ѕидовите на куќата се состои од зеленикави или црвеникави длабнатинки и по својот изглед се всадила во ѕидовите,
38 тој, тогаш ќе излезе од куќата низ вратата, а куќата ќе ја затвори за седум дена.
39 А во седмиот ден кога ќе се врати, и види дека заразата се проширила по ѕидовите на куќата,
40 ќе нареди да се извадат камењата на кои има зараза, и да ги фрлат надвор од населбата, на нечисто место;
41 а куќата одвнатре целата да ја истружат и струганиците да ги исфрлат надвор од населбата, на нечисто место;
42 И да земат други камења и да ги стават на местото на извадените и со друга мачканица да ја измачкаат куќата.
43 Ако заразата пак се појави и почне да се шири по куќата, откако се извадени камењата и куќата е истругана и премачкана,
44 свештеникот, штом ќе влезе и види дека заразата се раширила по куќата, во таа куќа има лепра нечиста е.
45 Таа куќа да се урне, а камењата и дрвата и целата струганица од мачканицата на куќата да се изнесат надвор од населбата, на нечисто место.
46 Оној што ќе влегува во таа куќа, додека е таа затворена, нечист ќе биде до вечерта;
47 а оној што ќе спие во таа куќа да ја испере облеката своја и нечист да е до вечерта; а кој ќе јаде во таква куќа, и тој треба да ја испере облеката свој и нечист ќе е до вечерта.
48 Ако, пак, свештенкот дојде и види дека заразата во куќата не се раширила, откако е куќата премачкана, нека ја очисти куќата, бидејќи заразата поминала.
49 А за да ја очисти куќата, ќе земе две чисти живи птици, кедрово дрво, црвен јаток и исоп,
50 и ќе ја заколе едната птица во глинен сад над изворска вода.
51 Потоа тој ќе го земе кедровото дрво и исопот, црвеникот јаток и живата птица и ќе ги натопи во крвта од закланата птица и во изворската вода, и ќе ја попрска куќата седумпати,
52 и ќе ја очисти куќата со крвта од птицата и со живата вода, со живата птица и кедровото дрво, со исопот и со црвениот јаток;
53 потоа живата птица да ја пушти во полето на слобода, надвор од населбата, да се помоли за домот и домот ќе биде чист.
54 Тоа е законот за секоја зараза од лепра и за друга проказа,
55 и за лепра по облеката и по куќите, и за оток, и за лишај, и за пеги,
56 за да се знае кога се нечисти, а во кој ден ќе бидат чисти: ова е законот за лепра.«