Leviticus 101990

1Двата сина Аронови, Надав и Авиуд, земајќи ја секој својата кадилница, ставија оган во нив, па ставија во нив и кадиво, и принесоа пред Господа туѓ оган, иако тоа не им беше заповедал Господ.

2Тогаш излезе оган од Господа, и ги изгоре, и умреа пред Господа.

3И му рече Мојсеј на Арона: »Тоа е она што го рече Господ, велејќи преку оние што ќе пристапуваат кон Мене, ќе се осветам и во цел собор ќе се прославувам.« И Арон се смири.

4Потоа Мојсеј ги повика Мисаила и Елисафана, синовите на Озил, чичкото на Арона, и им рече: »Дојдете и извадете ги браќата ваши од светилиштево надвор од логоров.«

5И тие пристапија и ги изнесоа заедно со хитоните нивни надвор од логорот, како што рече Мојсеј.

6Па му рече Мојсеј на Арона и на Елеазара и на Итамара, другите негови синови: »Не откривајте ги вашите глави, а и одеждите ваши да не ги раскинувате, за да не умрете и Господ да не се разгневи на целиот народ, туку браќата ваши, целиот дом Израилев нека плаче поради огнот што се запали од Господа;

7и не излегувајте од дверите на скинијата на сведоштвото, за да не загинете, зашто елејот за помазание на вас е од Господа.« И направија според зборовите на Мојсеја.

8И Господ му рече на Арона, велејќи:

9»Вино и сикер да не пиете, ти и синовите твои, кога ќе влегувате во скинијата на сведоштвото, а и кога ќе пристапувате кон жртвеникот, за да не загинете, тоа нека ви биде вечен закон во поколенијата ваши:

10за да можете да распознавате што е свето, а што не е; и што е чисто, а што не;

11учете ги синовите Израилеви на сите заповеди, што им ги кажа Господ преку Мојсеја.«

12Потоа Мојсеј му рече на Арона, и на Елеазара и на Итамара, другите негови синови: »Земајте од жртвата што ќе преостане и од приносите пред Господа и јадете го тоа кај жртвеникот, зашто тоа е најголема светиња.

13И јадете го тоа на свето место, бидејќи тоа е законски дел твој и законски дел на синовите твои од приносите пред Господа; зашто така ми заповеда Господ.

14А градите од жртвата што се принесува и плешките да ги јадете на свето место, ти и синовите твои, и домот твој со тебе, зашто со закон ти се даде тебе и на синовите твои дел од жртвите за спасение, што ги принесуваат синовите Изралеви.

15Плешките од жртвите што се принесуваат и градите од жртвите вознесувани да се донесуваат заедно со лојот што се вознесува пред Господа, и тоа да биде твое, и на синовите твои, и на ќерките твои со тебе, како дел со вечен закон, како што му заповеда Господ на Мојсеја.«

16Потоа Мојсеј побара козел како жртва поради грев; но, ете, тој беше изгорел; затоа се разгневи Мојсеј на Елеазара и на Итамара, синовите Аронови и рече:

17»Зошто не јадевте на свето место, бидејќи тоа е жртва поради грев што е најголема светиња; таа ви ја дава Господ вам да ја јадете, за да го ослободи целиот народ од грев и да се помолите за нив пред Господа;

18и ете крвта негова не е внесена во светилиштето; зашто требаше да ја јадете на свето место, внатре, како што ми заповеда Господ.«

19Тогаш му рече Арон на Мојсеја, велејќи: »Еве, тие денес принесоа жртва поради својот грев и жртва сепаленица пред Господа; и ми се случи ова. А да бев јал денес од жртвата за грев, ќе Му беше ли тоа угодно на Господа?«

20Го чу тоа Мојсеј и му беше угодно.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 © Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

Choose Translation

Switch translation for Leviticus 10.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.