Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Joshua 14

:
Macedonian - 1990
1 Еве што наследија синовите Израилеви во Хананската земја, што им раздели свештеникот Елеазар и Исус Навинов, и кнезовите на татковските племиња на синовите Израилиеви;
2 на деветте племиња и на полуплемето Манасиево, разделба извршија со жреб, како што беше заповедал Господ преку Мојсеја,
3 зашто на двете племиња и на племето Манасиево Мојсеј им даде наследство од онаа страна на Јордан; а на левитите не им даде дел меѓу нив,
4 бидејќи од Јосифовите синови произлегоа две племиња: Манасиевото и Ефремовото; поради тоа не им се даде на Левитите дел од земјата, туку само градови за живеење и предградија за добитокот нивни и за други нивни потреби.
5 Како што му беше заповедал Господ на Мојсеја, така и направија синовите Израилеви, кога ја разделуваа земјата.
6 Јудините синови дојдоа во Галгал кај Исуса. И му рече Кенезеецот Халев, синот Јефониев: »Ти знаеш, што му говореше Господ на Мојсеја, човекот Божји, за мене и за тебе во Кадис-Варни.
7 Јас бев на четириесет години, кога Мојсеј, слугата Господов, ме прати од Кадис-Варни да ја разгледам земјата и му донесов одговор, она што ми беше на срцето;
8 браќата мои, кои одеа со мене, го обесхрабрија срцето на народот, но јас точно го следев Господа, мојот Бог;
9 и се заколна Мојсеј во оној ден, велејќи: ‚земјата, по која одеше, ќе биде наследство за тебе и за децата твои за навек, бидејќи ти одеше точно по Господа, мојот Бог.‘
10 И така, ете, Господ ме запази жив, како што говореше; четириесет и пет години веќе изминаа, откога Господ му ги беше кажал тие зборови на Мојсеја, и Израилот одеше по пустиња; сега, еве, јас сум на осумдесет и пет години;
11 но и сега сум толку цврст, како и тогаш, кога ме прати Мојсеј: колку што имав сила тогаш, толку имам и сега, да влегувам, да излегувам и да војувам.
12 Затоа, дај ми ја таа гора, за која говореше Господ во оној ден; бидејќи ти чу во тој ден, дека таму живеат Енаковите синови, и тие имаат градови големи и утврдени; можеби, Господ ќе биде со мене, и јас ќе ги истерам, како што ми рече Господ.«
13 Исус го благослови и му го даде во наследство Хеврон на Јефоновиот син Халев, Кенезеецот.
14 Затоа Хеврон остана и до денес во наследство на Јефониовиот син Халев, Кенезеецот, бидејќи постојано се покоруваше на заповедите од Господа, Израилевиот Бог.
15 Името на Хеврон порано беше Аргов, како што се викаше еден крупен човек меѓу синовите Енакови. Така земјата се смири од војна.