Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Jeremiah 37

:
Macedonian - 1990
1 Место Јехонија, синот Јоакимов, царуваше Седекија, синот Јосиев, кого вавилонскиот цар Навуходоносор го постави за цар во Јудејската земја.
2 Ни тој, ни слугите негови, ниту, пак, народот од земјата не ги послушаа зборовите на Господа, кои Он им ги кажа преку пророкот Јеремија.
3 Царот Седекија го испрати Јехухала, синот Селемиев, и свештеникот Софониј, син Масеев, при пророкот Јеремија да кажат: »помоли се заради нас на нашиот Господ Бог.«
4 Јеремија тогаш сѐ уште слободно влегуваше и излегуваше пред народот, бидејќи уште не беа го затвориле во темница.
5 Во меѓувреме Фараоновата војска излезе од Египет, и Халдејците кои го опседуваа Ерусалим, штом разбраа за тоа, отидоа од Ерусалим.
6 И би слово Господово до пророкот Јеремија:
7 вака вели Господ, Бог Израилев кажете му на јудејскиот цар, кој ве испрати до мене да ме прашате: еве, војската на Фараонот, што ви дојде на помош, ќе се врати во земјата своја, во Египет;
8 а Халдејците пак ќе дојдат и ќе се борат против овој град, ќе го преземат и ќе го изгорат со оган.
9 Така вели Господ не лажете се, велејќи си во себе: »бездруго ќе си отидат Халдејците од нас«, зашто нема да си отидат;
10 дури и да бевте ја разбиле сета војска на Халдејците, кои војуваат против вас, и да останеа при вас само ранетите, тоа тогаш и тие би станале, секој од шаторот свој и би го изгореле овој град со оган.
11 И во тоа време, кога халдејската војска се оддалечи од Ерусалим, поради Фараоновата војска,
12 Јеремија појде од Ерусалим, па дојде во земјата на Венијамина, сокривајќи се од народот.
13 А кога беше пред портата Венијаминова, тамошниот управител на стражата, по име Јерај, син Селемиев, син Ананиев, го задржа пророкот Јеремиј и рече: »Ти сакаш да побегнеш при Халдејците, зар не?«
14 Јеремија одговори »Лага е тоа; не сакам да бегам при Халдејците.« Но Јерај не го послуша, го фати Јеремија и го одведе кај кнезовите.
15 Кнезовите се разгневија на Јеремија, го биеја и го затворија во темница, во куќата на писарот Јонатан, бидејќи ја беа направиле затвор.
16 Кога Јеремија влезе во темницата и во визбата, таму остана повеќе дни.
17 Царот Седекија испрати по него и го доведоа. И го праша царот во својот дом тајно, велејќи: »Нема ли слово од Господа?« Јеремија одговори: »Има«, и додаде: »ќе бидеш предаден во рацете на вавилонскиот цар.«
18 Тогаш Јеремија му рече на царот Седекија: »Што згрешив пред тебе, пред слугите твои и пред овој народ, па ме фрливте во темница?
19 И каде се вашите пророци, кои ви пророкуваат кажувајќи: ‚Вавилонскиот цар нема да дојде против вас и против оваа земја?‘
20 А сега, чуј, господаре мој, царе, услиши ја молбава моја пред лицето твое; не враќај ме во куќата на писарот Јонатан, за да не умрам таму.«
21 Тогаш царот Седекиј заповеда да го затворат Јеремија во стражарницата, и таму му даваа по едно парче леб на ден од улицата не лебарите, сѐ додека не се заврши сиот леб во градот. И така остана Јеремиј во стражарницата.