Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Isaiah 39

:
Macedonian - 1990
1 Во тоа време вавилонскиот цар Меродах Валадан, син Валаданов, испрати до Езекија писмо и дарови, зашто беше чул, оти тој бил болен и оздравел.
2 Им се зарадува Езекија на гласниците и им ја покажа својата ризница, среброто и златото, пријатните мириси и скапоцените масла, целата своја оружница и сѐ што се наоѓаше во неговата ризница, не остана ништо, што не им го покажа Езекија во домот свој и по целото свое владение.
3 Тогаш дојде пророкот Исаија при царот Езекија и му рече: »Што рекоа овие луѓе? Од каде дојдоа при тебе?« Езекија одговори: »Од далечна земја дојдоа тие при мене, од Вавилон.«
4 И праша Исаија: »Што видоа тие во твојот дом?« Езекија одговори: »Видоа сѐ, што има во мојот дом; ништо не остана во мојата ризница, што да не им покажав.«
5 И му рече Исаија на Езекија: »Ислушај го словото на Господа Саваот:
6 ете, ќе дојдат дни, и сѐ што има во домот твој и што собрале татковците твои до денес, сѐ ќе биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане, вели Господ.
7 Ќе земат и од твоите синови, што ќе произлезат од тебе, што ќе ги родиш, и тие ќе бидат евнуси во дворецот на вавилонскиот цар.«
8 А Езекија му рече на Исаија: »Добро е словото Господово, што ти го изрече; а во себе помисли: барем ќе има мир и сигурност во текот на моите дни.«