Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Isaiah 34

:
Macedonian - 1990
1 Пристапете, народи; слушајте и внимавајте, племиња! Нека слуша земјата и сѐ што ја исполнува, вселената и сѐ што се раѓа во неа!
2 Зашто гневот на Господа е врз сите народи, а јароста Негова врз целата нивна војска. Он ќе ги уништи, ќе ги предаде на погибел.
3 И нивните убиени ќе бидат расфрлани, и од труповите нивни ќе се крене смрдеа; по планините ќе потече нивна крв.
4 И ќе излезе сета небесна војска, и небото ќе се свитка како книжен свиок; сета војска нивна ќе падне, како што паѓа лист од лоза, како свенат лист од смоква.
5 Зашто мечот Мој се опи на небото: ете, за суд слегува тој над Едом и над народот, за да биде казнет народот што го проколнав.
6 Мечот Господов ќе се насити со крв, ќе се здебели од маснотија, од јагнешка и козја крв, од маснотиите на овнешките бубрези: зашто Господ има жртва во Восор, и голем колеж во земјата Едомска.
7 И биволи ќе паднат со нив и телиња заедно со волови, земјата ќе се опие од крвта нивна, а правот нивни ќе се здебели од маснотија.
8 Зашто настапи денот за одмазда Господова, годината на отплата за Сион.
9 И реките негови ќе се претворат во катран, а правот негов во сулфур; и земјата негова ќе биде запален катран;
10 нема да гасне ни дење, ни ноќе; и димот нејзин вечно ќе излегува, од род во род ќе остане запустена; засекогаш нема да мине никој по неа;
11 И ќе ја завладеат пеликани и ежови, буфови и гаварни ќе се населат во неа; и ќе протегнат по неа јаже за разорување и мера за унишутвање.
12 Никој нема да остане таму од нејзините старешини, кои ќе ги повикаат да бидат цареви; сите кнезови нејзини ќе бидат уништени.
13 Дворците нејзини ќе обраснат со трње, а тврдините нејзини со коприва и пиреј; таа ќе им биде живеалиште на шакалите, сврталиште на ноеви.
14 Ѕверови пустински ќе се среќаваат со диви мечки, козли ќе се повикуваат еден на друг; таму вештерки ќе се одмараат и ќе наоѓаат спокојство.
15 Таму ќе свие гнездо змија што лета, ќе несе јајца, ќе веде малечки и ќе ги собира под сенката своја; таму и јастреби ќе се собираат еден со друг.
16 Најдете во книгата Господова и прочитајте; ниедно од тие нема да одмине, едно со друго нема да се замени. Оти самата Негова уста заповеда, самиот дух Негов ќе ги собере.
17 Зашто Он Самиот им фрли жреб, Неговата рака ќе им ја раздели со мерка; засекогаш тие ќе ја владеат, од род во род ќе живеат во неа.