Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Isaiah 24

:
Macedonian - 1990
1 Ете, Господ ја опустошува земјата и ја прави неплодна; го изменува нејзиниот вид и ги распрснува оние што живеат на неа.
2 Со свештеникот ќе стане исто што и со народот, со слугата, исто што и со господарот негов; со слугинката, исто што и со господарката нејзина; со купувачот, исто што и со продавачот; она што ќе стане со оној, кој ќе земе на заем, исто што, и со оној кој дава на заем; со оној, кој дава со интерес исто и со оној кој зема под интерес.
3 Земјата е опустошена до крај и сосема е разграбена, зашто Господ го изрече тоа слово.
4 Тагува, нажалена е земјата; опаднала, тажна е вселената; опаднале оние, што се издигале над народот на земјата.
5 И земјата е осквернета под жителите свои, зашто тие ги прекршија законите, го изменија уставот, го нарушија вечниот завет.
6 Затоа проклетство ја јаде земјата, а жителите нејзини трпат казна; затоа се изгорени престојувалиштата земни, малку луѓе останаа.
7 Плаче гроздовиот сок; боледува лозата; воздивнуваат сите што се веселеа од срце.
8 Престана веселбата со тимпани; молкна вревата на оние што се веселеа; стивнаа звуците на гуслите;
9 не пијат повеќе вино со песни; горчлив е сикерот за оние што го пијат,
10 Разорен е запустениот град; сите куќи се затворени, не може да се влезе.
11 Плачат за вино по улиците; потемне секаква радост; изгонета е секаква веселба од земјата.
12 Во градот остана само пустош, портите се искршени.
13 А среде земјата, меѓу народите, ќе биде она истото, што станува кога маслинки тресат или пабирки од гроздобер.
14 Тие ќе го кренат гласот свој, ќе ликуваат во величието на Господа, силно ќе воскликнуваат од морето.
15 И така, славете го Господа на исток, по островите морски славете Го името името на Господа, Бога Израилев.
16 Од крајот на земјата слушаме песна: »Слава на Праведниот!« И реков јас: »Тешко мене, тешко мене! Злодејци зло вршат, на зол начин дејствуваат злодејците.
17 Ужас, јама и стапица за тебе, жителе земни!«
18 Тогаш, оној што избега од викот на ужасот, ќе падне во јама; и кој ќе излезе од јамата, ќе падне во стапица; зашто прозорците од небесната височина ќе се отворат, и основите земни ќе се разнишаат.
19 Земјата се разрушува, земјата се распаѓа, земјата е силно разнишана;
20 земјата се ниша како пијан и се лула како лулка, и беззаконието ѝ теже врз неа; таа ќе падне и повеќе нема да стане.
21 И во тој ден Господ ќе ја посети војската на висините, ќе ги посети и земните цареви на земјата.
22 И ќе бидат собрани наедно како затвореници во затвор, и ќе бидат заклучени во темница и по многу денови ќе бидат казнети.
23 Тогаш месечината ќе поцрвени, и сонцето ќе се засрами, кога Господ Саваот ќе се зацари на гората Сион и во Ерусалим, и пред неговиот старешини ќе стане слава.