Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Isaiah 18

:
Macedonian - 1990
1 Тешко ѝ е на земјата, која се осенчува со крилја од онаа страна на етиопските реки,
2 која испраќа гласници по море и рогозени чунови по водите! Одете, брзи гласници, при народ јак и бодар, при народ страшен од почетокот до денес, при народ здрав и кој сѐ победува, чија земја реки ја пресечуваат.
3 Сите вие, што ја населувате вселената и живеете на земјата, гледајте кога ќе се крене знаме на планините, кога ќе затруби трубата!
4 Зашто, така ми рече Господ: Јас гледам спокојно од Своето живеалиште, како светла жега по дожд, како облак роса при жетвен припек.
5 Зашто пред гроздобер, кога грозјето ќе прецути, и гроздот ќе почне да узрева, Он ќе ги исече со сорче прачките и ќе ги одземе, и ќе ги искастри фиданките.
6 Ќе остават сѐ на грабливите планински птици и на полските ѕверови: и птици ќе летаат таму, а полските ѕверови таму ќе зимуваат.
7 Во она време ќе биде принесен дар на Господа Саваот од народ јак и бодар, од народ страшен од почетокот до денес, од народ здрав што гази друг народ, чија земја реки ја пресечуваат, кај местото, каде што е името на Господа Саваот врз гората Сион.