Isaiah 161990

1Испраќајте јагниња за владетелот на земјата, испраќајте од Села во пустињата кон планината на ќерката Сионова;

2зашто ќерките на Моав при Арнонските бродови ќе бидат слични на птица скитница, исфрлена од гнездото.

3»Свикај совет, донеси решение; засенчи нѐ со сенката своја среде пладне како ноќе, прикриј ги истераните, не ги предавај скитниците.

4Нека поживеат кај тебе моите истерани Моавци; биди им закрила од грабачи: зашто угнетувачот – нема да го пуштам; грабежот ќе престане, потисниците ќе исчезнат од земјата.

5И престолот ќе се утврди со милост, и на него ќе седне со верност, во Давидовиот шатор, судија, кој бара правда и се стреми кон правосудие.«

6»Сме слушале за Господа на Моав, прекумерна гордост, за неговата надуеност и високомерност и за неговото беснеење: неискрен е зборот негов.«

7Затоа Моав ќе заплаче за Моав, – сите ќе плачат: ридиштата за тврдините за Кирхарешет: тие се наполно разурнати.

8Есевонските полиња се исушија, како и севаимското лозје; големците на народите ги истребија најдобрите лозја, кои достигнаа до Јазер, се простираа по пустињата; ластарите се ширеа, преминуваа од онаа страна на морето.

9Поради тоа јас ќе плачам за лозјата севаимски со плачот на Јазера, ќе ги облевам со солзите свои, Есевоне, и Елеало; зашто по твојот гроздобер и по твојата жетва нема повеќе шумна радост.

10Исчезна од плодоносната земја радоста и веселбата, по лозјата не пеат ниту се радуваат; лозарот не гмечи грозје во садови: Јас ги прекратив веселбите.

11Затоа мојата внатрешност стенка по Моав како гусле, а срцето мое за Кирхарешет.

12Но и да се јави Моав и до умор да оди по идолските светилишта, и да дојде при светилиштето свое, да се моли, пак ништо нема да му помогне.

13Тоа е словото, кое Господ одамна го беше искажал за Моава.

14А сега вака вели Господ: »По три години, сметајќи наемнички години, величието на Моав ќе биде понизено со сето големо множество негово, а остатокот ќе биде многу мал и незначаен.«

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 © Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

Choose Translation

Switch translation for Isaiah 16.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.