Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Isaiah 14

:
Macedonian - 1990
1 Блиско е времето негово, нема да задоцнат дните негови; зашто Господ ќе го помилува Јакова и пак ќе го засака Израилот; ќе ги насели во земјата нивна, ќе се присоединат кон нив туѓинци и ќе се прилепат кон домот Јаковов.
2 Ќе ги земат народите и ќе ги одведат на местото нивно; домот Израилев ќе ги присвои на земјата Господова како робови и робинки, ќе ги земе во плен своите пленители и ќе владее над своите угнетувачи.
3 Во оној ден, кога Господ те оттргна од скрбта твоја, од стравот и од тешкото ропство, под кое беше заробен,
4 ти ќе запееш победничка песна против вавилонскиот цар и ќе речеш: како исчезна мачителот и прекина тиранијата!
5 Господ го скрши жезлото на нечесните, скиптарот на владетелите,
6 кој јаросно ги поразуваше народите со бескрајни удари, гневно владееше над племињата свои со незадржливо прогонување.
7 Целата земја здивна, почива, воскликнува од радост;
8 и кипарисите се радуваат за тебе и кедрите ливански, велејќи: откако заспа ти, никој не доаѓа да нѐ сече.
9 Пеколот адски се раздвижи заради Тебе, за да Те пречека при Твоето влегување; со Тебе се разбудија сите водачи на земјата; изместувајќи ги сите цареви незнабожечки од престолите нивни.
10 Сите тие ќе ти говорат: и ти стана бессилен како нас! И ти стана сличен на нас.
11 Гордоста ти е симната во пеколот, со сиот твој шум; под тебе има гнилеж за постилка, а црви се твојата покривка.
12 Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите.
13 А во срцето свое си велеше: »Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот;
14 ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам сличен на Севишниот.«
15 Но ти си соборен во пеколот, во дното на адот.
16 Оние што ќе те видат, ќе се загледадат во тебе, ќе си речат за тебе: тое ли е човекот, што земјата ја разнишуваше и царства потресуваше,
17 вселенеата во пустиња ја претвори и ги разрушуваше градовите нејзини, робовите не ги пушташе по домовите нивни?
18 Сите цареви на народите, сите почиваат со чест, секој во својата гробница;
19 а ти си фрлен надвор од гробот како отпадок, како облека на убиени, на погубени со меч, што ги спуштаат во камени гробници, како изгазен труп,
20 нема да се соединиш со нив во гробот; зашто ти ја разори земјата своја, го уби народот свој: племето на злодејците засекогаш нема да се спомне.
21 Гответе клање за синовите негови поради беззаконието на таткото нивни, за да не востанат и да не завладеат со земјата и да не ја наполнат вселената со непријатели.
22 »И ќе станам против нив, вели Господ Саваот, и ќе го истребам името на Вавилон и целиот остаток и син, и внук, вели Господ.
23 И ќе го направам ежово владение и кал, ќе го изметам со истребувачка метла, вели Господ Саваот.«
24 Со клетва вели Господ Саваот: »Како што намислив, така и ќе биде; како што решив, така и ќе стане,
25 за да го погубам Асура во Мојата земја и да го изгонам од Моите гори; ќе падне од нив јаремот негов, и товарот ќе се симне од рамењата нивни.«
26 Такво е решението, определено за целата земја, и еве ја раката, протегната врз сите народи;
27 зашто Господ Саваот решил, и кој може да го измени тоа? Раката Негова е протегната, и кој ќе ја врати?
28 Во годината, кога умре царот Ахаз, имаше вакво пророчко слово:
29 »Немој да се радуваш, земјо Филистејска, дека е скршен жезалот, кој те поразуваше, зашто од змискиот корен ќе излезе отровница и плодот нејзин ќе биде змеј што лета.
30 Тогаш најбедните ќе бидат нахранети, немоќните ќе си почиваат во безопасност; а твојот корен со глад ќе го уморам, и тоа ќе го убие твојот остаток.
31 Ридајте, порти, викај граде, на глас! Ќе се раздробиш ти, цела земјо Филистејска; зашто од север иде дим, нема изморен во нивните војски.
32 А што ќе соопштат известувачите народни? Тоа дека Господ го утврдил Сион, и дека во него ќе најдат засолниште сиромасите од народот Негов.«