Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Isaiah 12

:
Macedonian - 1990
1 Во оној ден ќе речеш: »Ќе Те славам, Господи! Ти ми беше гневен, но го одврати гневот Свој и ме утеши.«
2 Ете, Бог е моето спасение; на Него се надевам; и не се плашам; зашто Господ е мојата сила, Господ е мојата песна; Он ми е спасение.
3 Тогаш со радост ќе црпите вода од изворите на спасението,
4 во тој ден ќе речете: »Славете Го Господа, повикувајте Го името Негово; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови; напомнувајте дека името Негово е големо;
5 пејте Му на Господа, зашто Он направил нешто големо нека го знаат тоа по целата земја.
6 Весели се и радувај се, жителко Сионова, зашто, голем е меѓу тебе Светецот Израилев.«