Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Hosea 2

:
Macedonian - 1990
1 Речете им на браќата свои: ‚народ Мој‘ и на сестрите свои ‚помилувана.‘
2 Судете се со својата мајка, расправајте се; зашто таа не е Моја жена, и Јас не сум ѝ маж нејзин; нека го отфрли блудството од лицето свое и прељубодејството од градите свои, за да не ја сотрам,
3 за да не ја соблечам гола и да не ја покажам како во денот на нејзиното раѓање, и да не ја направам пустелија, за да не ја претворам во сува земја и да не ја усмртам со жед.
4 И децата нејзини нема да ги помилувам, зашто тие се деца од блудство.
5 Бидејќи мајката нивна блудствуваше, се осрамоти онаа, која ги зачна, зашто си велеше ќе тргнам по милениците свои, кои ми даваат леб и вода, волна и лен, елеј и пијалок.
6 Ете, затоа Јас ќе ѝ го препречам патот нејзин со трње и ќе ја заградам со ограда, и таа не ќе може да ги најде патеките свои;
7 ќе се впушти по милениците, но нема да ги стигне; ќе ги бара, и нема да ги најде; и ќе си рече: ќе се вратам и ќе појдам кај првиот маж; оти тогаш ми беше подобро, отколку сега.
8 А таа не знаеше дека Јас ѝ давав жито, вино и елеј и ѝ го зголемив среброто нејзино и златото, од кое му направија идол на Ваала.
9 Затоа ќе го повратам житото Свое, и виното Свое, кога за тоа ќе му дојде времето и ќе ја одземам волната Своја и ленот Свој, со што се покрива голотијата нејзина.
10 И сега ќе ја откријам срамотијата нејзина пред очите на нејзините миленици, и никој не ќе ја отме од раката Моја.
11 И ќе укинам при неа секаква веселба, празниците и новомесечијата нејзини, и саботите и сите нејзини прослави.
12 И ќе ги запустам лозјата нејзини и смоквите, за кои таа беше рекла: »тоа ми се подароци, со кои ме даруваа милениците мои;« и Јас ќе ги претворам во шума, и полските животни ќе ја изедат.
13 И ќе ја казнам за деновите поминати во служење на Вааловците, кога им кадела и ги китела со обетки и гривни, одела по милениците свои а Мене Ме заборавила, вели Господ.
14 Поради тоа Јас ќе ја измамам и ќе ја одведам во пустиња, па ќе му зборувам на нејзиното срце.
15 И ќе ѝ ја дадам оттаму лозата нејзина и долината Ахор како трем на надеж; и таму таа ќе пее како во деновите на својата младост и како во денот кога излезе од Египетската земја.
16 И во тој ден, вели Господ, ти ќе Ми велиш мажу мој, и нема повеќе да Ми велиш Ваалу мој.
17 И ќе ги премавнам од устата нејзина имињата на Вааловците, и нема повеќе да се спомнува името нивно.
18 И во тоа време поради нив ќе склучам сојуз со животните полски, со птиците небески и со лазачите по земјата; а лак, и меч, и војна ќе истребам од таа земја, и ќе им дозволам да живеат во безопасност.
19 И ќе те свршам за Себе вечно, и ќе те свршам за Себе во правда и суд, во благослов и милосрдност.
20 И ќе те свршам за Себе во верност и ти ќе Го познаеш Господа.
21 И во тој ден Јас ќе чујам, вели Господ, Јас, ќе го чујам небото, и тоа ќе ја чуе земјата,
22 и земјата ќе го чуе житото и виното и елејот; а тие ќе го чујат Језраела.
23 И ќе ја посеам за Себе на земјата, и ќе ја помилувам непомилуваната и ќе му речам на не Мојот народ: »ти си Мој народ«, а тој ќе рече: »Ти си мој Бог!«