Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Hebrews 3

:
Macedonian - 1990
1 Затоа, браќа свети, учесници во небесното призвание, познајте Го Пратеникот и Првосвештеникот на нашата вера, Исуса Христа,
2 Кој Му е верен на Оној, Кој Го поставил, како и Мојсеј во целиот Му дом.
3 Оти Он се удостои со толку поголема слава, отколку Мојсеевата, во колку поголема чест од домот има Оној, Кој го создал;
4 зашто секој дом се гради од некого; а Оној, Кој создал сѐ, е Бог.
5 И Мојсеј Му беше верен како слуга на целиот Негов дом, за да го посведочи она, што имаше да се соопшти.
6 А Христос, како Син, е во Својот дом: Негов дом, пак, сме ние, само ако слободата и надежта, со кои се фалиме, ги запазиме до крај.
7 Поради тоа, како што вели Светиот Дух: »Денес, кога ќе го чуете гласот Негов,
8 да не ги ожесточите срцата свои, како кога се прогневивте во денот на искушувањето во пустината,
9 каде што татковците ваши Ме искушаа, Ме испитаа и ги видоа делата Мои преку четириесетте години.
10 Затоа се расрдив на тој род и реков: секогаш се заблудуваа во срцата свои и не ги познаа патиштата Мои.
11 Затоа се заколнав во Својот гнев дека нема да влезат во Мојот покој«.
12 Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има лошо срце за верата, та да отстапи од живиот Бог.
13 Туку потсетувајте се секој ден, додека се вели: »денес«, та никој од вас да не отрпне преку измама на гревот;
14 оти ние станавме соучесници на Христа. Само, како што почнавме да добиваме од Него, да останеме наполно верни до крај;
15 додека се вели »денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не отрпнат срцата ваши онака, како кога бевте гневни«.
16 Зашто некои, откако чуја, се побунија, но не сите, што со Мојсеја излегоа од Египет.
17 Против кои негодува Он четириесет години? Нели против оние, што погрешија и чии коски останаа во пустината?
18 А на кои им се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој, ако не на оние, што не сакаа да веруваат?
19 И така, гледаме дека тие не можат да влезат поради неверието.