Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Genesis 2

:
Macedonian - 1990
1 Така се доврши небото и земјата и сиот украс нивни.
2 И ги заврши Бог до седмиот ден делата Свои, што ги направи; и си отпочина во седмиот ден од сите дела Свои, што ги создаде.
3 И го благослови Бог седмиот ден, и го освети, зашто во тој ден си отпочина од сите дела Свои, што ги направи и создаде.
4 Ете така настанаа небото и земјата, во она време кога Господ Бог ги создаде земјата и небото.
5 И секое растение полско, што уште не беше на земјата, и секоја тревка земна, што уште не беше никнала, зашто Господ Бог уште не праќаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек што ќе ја обработува земјата,
6 но се креваше пара од земјата. И ја натопуваше површината на целата земја.
7 А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.
8 И насади Господ Бог рај во Едем, на исток; и таму го смести човекот што го создаде.
9 И направи Господ Бог да израстат од земјата секакви дрвја, убави за гледање и добри за јадење, и дрвото на животот среде рајот, и дрвото за познавање на доброто и злото.
10 И вода течеше од Едем, за да го наводнува рајот, а потоа таа се раздвојуваше во четири реки.
11 Името на едната е Фисон; таа тече околу целата земја Хевилска, а таму има злато.
12 Златото на таа земја е добро; таму има и бделиум и камен оникс.
13 А на втората река името ѝ е Геон; таа ја опкружува целата земја Куш.
14 Името, пак, на третата река е Тигар, а тече на исток од Асирија. Четвртата река е Ефрат.
15 И, земајќи го Господ Бог човекот, кого го создаде, го воведе во градината Едемска, за да ја обработува и да ја пази.
16 И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: »Од секое дрво во градината можеш да јадеш,
17 освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.«
18 И рече Господ Бог: »Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!«
19 Тогаш Господ Бог ги создаде од земјата сите полски животни, и сите птици небески, и ги доведе кај човекот за да види како која ќе ја нарече тој, па, како што човекот ќе го нарече секое живо суштество, така да му биде и името.
20 И им даде човекот имиња на сиот добиток, и на птиците небески, и на сите ѕверови полски; но за човекот не се најде помошник, сличен на него.
21 Затоа Господ му прати на човекот тврд сон; па кога заспа, му зеде едно ребро, и местото го пополни со плот.
22 И Господ Бог создаде жена од реброто, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот.
23 А човекот рече: »Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ѝ биде името жена, зашто е земена од мажот!«
24 Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело.
25 И беа обајцата голи, Адам и жена му, и не им беше срам.