Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 30

:
Macedonian - 1990
1 И би слово Господово до мене:
2 »Сине човечки, изречи пророштво и кажи вака вели Господ Бог: плачете, ете иде злочест ден.
3 Зошто близок е денот, да, близок е денот Господен, денот мрачен; часот на народите иде.
4 И ќе тргне меч против Египет и ужас ќе се распространи во Етиопја, кога поразените од Египет ќе паднат, кога ќе го земат богатството негово и кога основите негови ќе бидат разрушени.
5 Етиопија, Либија, Лидија, сиот измешан народ и Хуб, како и синовите на заветната земја заедно со нив ќе паднат од меч.
6 Така вели Господ Бог, ќе паднат потпорите на Египет и ќе падне гордоста на неговата моќ; од Мигдол до Сиена ќе паѓаат во него од меч, вели Господ Бог.
7 И тој ќе се запусти меѓу опустошените земји и градовите негови ќе бидат меѓу опустошени градови.
8 И ќе познаат, дека Јас сум Господ, кога ќе го пратам огнот врз Египет и сите негови сили ќе бидат скршени.
9 Во оној ден, ќе тргнат од Мене известители со кораби за да ги уплашат безгрижните Етиопјани, и ќе се распространи меѓу нив ужас, како во денот на Египет; оти, ете, тој иде.
10 Така вели Господ Бог: на египетскиот многуброен народ ќе му ставам крај преку раката од Навуходоносора, царот вавилонски.
11 Тој и народот негов со него, најжестоки меѓу народите, ќе бидат доведени за погибел на таа земја и ќе ги извадат мечевите свои против Египет и ќе ја наполнат земјата со убиени.
12 Ќе ги пресушам реките и ќе ја предадам земјата во рацете на лошите и со раката на туѓоземци ќе ја опустошам земјата и сѐ што ја исполнува. Јас, Господ, го реков тоа.«
13 Така вели Господ Бог: »Ќе ги истребам идолите и ќе ги уништам лажните богови во Мемфис и во земјата Египетска нема повеќе да има сопственик, и ќе пратам страв во земјата Египетска.
14 Ќе го опустошам Патрос, ќе испратам оган, во Соан и ќе одржам суд над Но.
15 Ќе ја излијам јароста Своја врз Син, египетската тврдина, и ќе го истребам многубројниот народ во Но.
16 Ќе испратам оган врз Египет, ќе затрепери Син и Но ќе биде разрушен. А врз Мемфис ќе нападнат непријателите среде бел ден.
17 Младите луѓе од Он и од Бубаст ќе паднат од меч, а другите ќе бидат одведени во ропство.
18 И во Тафнис ќе се помрачи денот кога таму ќе го скршам јаремот египетски и ќе се прекрати во него неговата горда моќ. Облак ќе го покрие и ќерките негови во ропство ќе отидат.
19 така ќе го пресудам Египет, па ќе познаат дека Јас сум Господ.«
20 Во единаесеттата година, во првиот месец, на седмиот ден од месецот, би слово Господово до мене:
21 »Сине човечки, Јас веќе ја скршив мишката на Фараонот, египетскиот цар, и ете, таа уште не е преврзана, за да биде излекувана, и не е завиткана со лекарски преврски, од кои би добила сила, за да држи меч.
22 Затоа, вака вели Господ Бог: еве Јас сум против Фараонот, египетскиот цар и ќе ги скршам мишките негови, здравата и искршената, така што мечот ќе му падне од рацете негови.
23 Ќе ги растурам Египтјаните меѓу народите и ќе ги развеам по земјите.
24 А мишките на вавилонскиот цар ќе ги направам јаки, во раката негова ќе му дадам Свој меч; и мишките на Фараонот ќе ги скршам и тој изнаранет ќе офка силно пред него.
25 Ќе ги зацврстам мишките на вавилонскиот цар, а мишките на Фараонот ќе отпаднат; и ќе познаат, дека Јас сум Господ Бог, кога ќе му го дадам мечот Свој во раката на вавилонскиот цар, и тој ќе го потегне врз земјата Египетска.
26 Ќе ги растурам Египтјаните меѓу народите и ќе ги развеам по земјата, и тие тогаш ќе познаат, дека Јас сум Господ.«