Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 27

:
Macedonian - 1990
1 И би слово Господово до мене:
2 »А ти, сине човечки, викни, па заплачи по Тир.
3 И кажи му на Тир, кој се населил при влезот на морето, и тргува со народите од многу острови вака вели Господ Бог: Тире, ти велиш: ‚јас сум совршена убавина.‘«
4 Твоите предели се во срцето на морињата; твоите градители совршено ја изградиле твојата складност;
5 од сенирски кипариси ги направија сите твои подови; зедоа од Ливан кедри, за да ти направат јарболи;
6 од васански дабови правеа весла; столовите ги правеа до буково дрво, ишарано со слонова коска од Китимските острови,
7 шарени платна египетски употребуваа за едра и служеа како знаме; сини и пурпурни ткаенини се земаа од Елиските острови за покривала.
8 Жителите сидонски и арвадски ти беа стругари; Тире, ти имаше вешти луѓе; тие ти беа кормилари.
9 Старешините од Гевал и неговите вешти луѓе ти служеа за разни поправки; ти имаше секакви морски кораби и едрењаци, кои ти служеа за тргување.
10 Персијците, Ливијците и Лидијците се наоѓаа во твојата војска и ти беа војници; закачуваа по тебе штитови и шлемови; тие ти придаваа величие.
11 Синовите Арватски со твојата сопствена војска стоеја наоколу по твоите ѕидови; и Гамадимците стоеја на кулите твои; тие беа ги закачиле своите штитови по твоите ѕидови наоколу; и тие ти ја претставуваа твојата убавина.
12 Тарсис, твојот трговец, располагајќи со различно богатство, за стоките твои плаќаше сребро, железо, олово и калај.
13 Јаван, Тувал и Месех тргуваа со тебе, разменувајќи ги стоките за човечки души со бакарни садови.
14 Од домот на Тогарма ти донесуваа за стоките твои коњи, коњаници и маски.
15 Синовите на Дедан тргуваа со тебе; многу острови вршеа со тебе размена, ти плаќаа со слонова коска и абанос.
16 Поради големото твое трговско богатство, тргуваа со тебе и Арамејците; за стоките твои ти плаќаа со смарагд, пурпурно шарени ткаенини и висон, со корали и рубини.
17 Јудеја и земјата Израилева тргуваа исто така со тебе; за твојата стока ти плаќаа со пченица, мириси и мед, елеј и балсам.
18 Дамаск поради богатството во стоки, поради изобилието на секакви работи, ти донесуваше хелвонско вино и бела волна.
19 Дан и Јаван од Узал ти плаќаа за твоите стоки со изработки од железо, касија и цимет, за размена.
20 Со тебе тргуваше и Дедан со скапоцени волнени покривки за седла.
21 Арабија и сите кидарски кнезови вршеа размена со тебе: на јагниња, овни и кози.
22 Трговците од Сава и Рама тргуваа со тебе со секакви најблагопријатни мириси и со секакви скапоцени камења, и злато ти плаќаа за твоите стоки.
23 Харан, Кан и Еден, савските трговци, Асун и Хилмат исто така тргуваа со тебе.
24 Тие ти продаваа скапоцени облеки од свилени и шарени материи што ги носеа на пазарите твои во скапи сандаци, направени од кедар и добро врзани.
25 Тарсиските кораби беа твои каравани во трговијата, и ти стана богат и многу славен меѓу морињата.
26 Весларите твои те одведоа во големите води; источниот ветар те разби среде морињата.
27 Твоето богатство и твоите стоки, сите твои ризници, твоите бродари и твоите кормилари, кои ги поправаа твоите кораби, и ја пренесуваа твојата трговија, сите твои војници, какви што ги имаше и сето множество народ твој, при твоето паѓање ќе паднат во срцето на морето.
28 Од пискотот на твоите кормилари ќе затреперат и околните места.
29 И ете од корабите ќе излезат сите веслари, бродари, сите кормилари морски и ќе излезат на земјата.
30 Со висок глас ќе заплачат за тебе и тешко ќе заофкаат, ставајќи си пепел на главите свои и валкајќи се во прав.
31 Ќе ја истрижат за тебе косата своја до черепот, а ќе опашаат вреќишта и со горчлив плач ќе заплачат за тебе од душевна мака.
32 И во тагата своја ќе предизвикаат кај тебе жална песна, и така тие ќе заплачат за тебе: »Кој е како Тир, така разрушен среде морињата!«
33 Кога доаѓаа од морињата твоите стоки, ти задоволуваше многу народи; со големото богатство и со трговијата ти ги богатеше царевите на земјата.
34 А кога беше ти разбиен од морињата во водената бездна, твоите стоки и сиот твој народ потона.
35 Сите жители на островите се запрепастија за тебе и царевите нивни почнаа да треперат, лицата им се изменија.
36 Трговците на другите народи си потсвиркуваа за тебе; ти стана како страшило и нема веќе да те има засекогаш.