Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 25

:
Macedonian - 1990
1 И би слово Господово до мене:
2 »Сине човечки«, сврти го лицето свое кон синовите Амонови и кажи пророштво против нив,
3 и речи им на синовите Амонови: »Чујте го словото на Господа Бога: така вели Господ Бог бидејќи за Моето светилиште се вели: ‚о, о,‘ а тоа е навреда и за Израилевата земја, оти таа е опустошена, и за домот Јудин, бидејќи тие отидоа во ропство.
4 Затоа, еве, Јас ќе те дадам во наследство на синовите од Исток и ќе направат при тебе колиби, ќе распнат кај тебе шатори и ќе ги јадат плодовите твои и ќе го пијат млекото твое.
5 Рава ќе ја направам обор за камили, и синовите Амонови овчари, па ќе познаете, дека Јас сум Господ.«
6 Затоа вака вели Господ Бог: »Бидејќи ти плесна со рацете и тропна со ногата, со сиот презир кон земјата Израилева, душевно се зарадува,
7 еве, Јас, ќе ја протегнам раката Своја против тебе и ќе те предадам да те разграбаат народите, и ќе те истребам од бројот на народите и ќе те избришам од бројот на земјите; ќе те уништам и ќе познаеш, дека Јас сум Господ.«
8 Така вели Господ Бог: »Бидејќи Моав и Сеир велат: ете и домот Јудин е како сите народи.
9 Еве, Јас ќе ја откријам земјата Моавска од крај до крај, за да остане без градовите што им беа украс на земјата: Бет Јесимот, Валмеон и Киријатаим,
10 за синовите од Исток и ќе им го дадам во наследство заедно со синовите Амонови, та синовите Амонови да не се спомнуваат повеќе меѓу народите.
11 И Моав ќе го судам, па ќе познаат, дека Јас сум Господ.«
12 Така вели Господ Бог: Бидејќи Едом жестоко му се одмаздуваше на домот Јудин и тешко згреши, со тоа што им се одмаздуваше,
13 вака вели Господ Бог: »Ќе ја протегнам раката против Едом и ќе ги истребам при него луѓето и добитокот и ќе го направам пустиња. Од Теман до Дедан, сите ќе паднат од меч.
14 И ќе му се одмаздам на Едом преку раката на Мојот народ, Израилот; и тие ќе дејствуваат во Идумеја по Мојот гнев и Моето негодување, па ќе го познаат Моето одмаздување«, вели Господ Бог.
15 Така вели Господ Бог: »Затоа што Филистејците постапија со одмазда и се одмаздуваа со презир во душата за погибел, со вечна омраза,
16 така вели Господ Бог еве, ќе ја протегнам раката Своја над Филистејците, ќе ги истребам оние од Крит и ќе го уништам нивниот остаток покрај морскиот брег;
17 и ќе извршам над нив голема одмазда со жестоки казни; па ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе го извршам над нив Моето одмаздување.«