Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Exodus 6

:
Macedonian - 1990
1 А Господ Бог му рече на Мојсеја: »Еве, ќе видиш што ќе му направам на Фараонот; со рака силна ќе ги пушти; под дејство на рака цврста дури ќе ги истера од земјата своја.«
2 И уште му зборуваше Бог на Мојсеја, па му рече: »Јас сум Господ.
3 Јас му се јавив на Аврама и Исака и Јакова како ‚Семоќен Бог‘, а со името Мое како ‚Господ‘ не сум им се открил.
4 И направив завет Свој со нив, дека ќе им ја дадам земјата Хананска: земја, во која беа тие придојдени, и во која живееја како туѓинци.
5 Ги чув воздишките на синовите Израилеви, кои Египтјаните ги измачуваат, и се сетив на заветот Мој.
6 Затоа, појди и кажи им на синовите Израилеви, велејќи: ‚Јас сум Господ, ќе ве изведам од египетското насилство, ќе ве избавам од ропството нивно, ќе ве спасам вас удирајќи со силна рака и со суд голем.
7 Ќе ве земам за свој народ, ќе ви бидам Бог, па ќе познаете дека Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ќе ве изведе од Египетската земја.
8 И ќе ве воведам во онаа земја, за која кренав рака и се заколнав дека ќе му ја дадам на Авраама, на Исака и на Јакова; и ќе ви ја дадам вам во наследство. Јас Господ!‘«
9 Мојсеј им го кажа тоа на синовите Израилеви, но тие не го послушаа Мојсеја од малодушност и поради тешките работи.
10 Тогаш Господ пак му рече на Мојсеја, велејќи:
11 »Влези, кажи му на Фараонот, царот египетски, да ги пушти синовите Израилеви од земјата своја.«
12 А Мојсеј проговори пред Господа и рече: »Ете, синовите Израилеви не ме послушаа, а како ќе ме послуша Фараонот? А освен тоа, јас сум спор во зборувањето.«
13 Но Господ им зборуваше на Мојсеја и Арона, и ги задолжи да одат кај синовите Израилеви и кај Фараонот, за да ги пушти синовите Израилеви од земјата Египетска.
14 Ова се старешините на нивните домови: синовите на Рувима, провородениот син Израилев: Енох и Фалус, Асрон и Харми; тоа е племето Рувимово.
15 А синовите Симеонови се: Јемуил, Јамин, Аод, Ахин, Сар и Саул, син на една Хананејка; тоа е племето Сименово.
16 А еве ги имињата на синовите Левиеви, според сродствата нивни: Гирсон, Каат и Мерари. А Левиј поживе сто и триесет и седум години.
17 Синови, пак, Гирсонови беа: Ловениј и Семеј со семејствата нивни.
18 Синови Каатови: Амрам и Исар, Хеврон и Озил. А годините на Катовиот живот беа сто и триесет и три.
19 А синовите Мерариеви се: Молиј и Мусиј. Тоа се семејствата на Левиј според сродствата нивни.
20 Амрам се ожени со Јохаведа, братучетката своја, и таа му ги роди Арона и Мојсеја и Маријам, сестрата нивна. Амрам поживе сто триесет и седум години.
21 Синови, пак, Исарови беа: Кореј, Нафек и Зехриј.
22 Синовите Озилови се: Мисаил, Елисафан и Сегриј.
23 А Арон ја зеде за жена Елисавета, ќерката Аминадавова, сестра Насонова; и таа му ги роди Надава и Авиуда, Елеазара и Ирамара.
24 Синови Корееве беа: Асир, Елкан и Авијасаф. Тоа е потомството Кореево.
25 И Елеазар, синот Аронов, се ожени со една од ќерките Футилови, и таа му го роди Финеса. Тоа се старешините на Левиевото племе, според нивните семејства.
26 А Арон и Мојсеј, тоа се оние, на кои Господ им рече да ги изведат синовите Израилеви од земјата Египетска, си силата на дружините нивни!
27 Овие се оние, кои му зборуваа на Фаранонот, царот египетски, за да ги изведат синовите Израилеви од земјата Египеска; тоа се Арон и Мојсеј.
28 Во оној ден, кога Господ му говореше на Мојсеја во земјата Египетска,
29 и му рече Господ на Мојсеја, велејќи: »Јас сум Господ. Кажи му го на Фараонот, царот египетски, сѐ она што Јас ти го реков!«
30 А Мојсеј рече пред Господа: »Еве, недоброречив сум, па како ќе ме послуша Фараонот?«