Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Exodus 18

:
Macedonian - 1990
1 А Јотор, свештеникот медијамски, тестот Мојсеев, чу за се што направи Господ за Израилот, народот Свој, како го изведе Господ Израилот од Египет.
2 И ја зеде Јотор, тестот Мојсеев, Сепфора, жената Мојсеева, која беше ја вратил,
3 и двата сина нејзини: на едниот името му беше Гирсам, оти Мојсеј велеше: »Придојден сум во земја туѓа,«
4 а на вротиот името му беше Елиезер, бидејќи рече: »Бог на таткото мој ми се најде на помош и ме избави од рацете Фараонови.«
5 И Јотор, тестот Мојсев, тргна со синовите негови и со жената негова при Мојсеја во пустињата, каде што се беше утаборил на планината Божја,
6 па го известија Мојсеја, велејќи: »Ете, тестот твој Јотор, иде кај тебе, иде и жената твоја, и обата сина нејзини со неа.«
7 И Мојсеј му излезе во пресрет на тестот свој и му се поклони, и го целива; па откако се поздравија еден со друг, го воведе Мојсеј под шаторот свој.
8 И му раскажа Мојсеј на тестот свој за се што направи Господ со Фараонот и со сите Египтјани поради Израилците, и за сите тешкотии што ги снајдуваа патем, и како Господ ги избави од рацете Фараонови и од рацете египетски.
9 И се зарадува Јотор за сите добрини што му ги направи Господ на Израилот, спасувајќи го од рацете на Египтјаните и од рацете Фараонови.
10 Тогаш Јотор рече: »Нека е благословен Господ, Кој ве избави од рацете на Египтјаните и од рацете Фараонови!
11 Сега знам дека е Господ поголем од сите богови, и тоа токму во она, со што тие се превознесуваат.«
12 Потоа Јотор, тестот Мојсеев, Му принесе на Бога сепаленица и жртви. Тогаш дојде и Арон и сите старешини Израилеви, и јаде леб со тестот Мојсеев пред Бога.
13 А утредента седна Мојсеј да му суди на народот; и сиот народ стоеше пред Мојсеја од утрото до вечерта.
14 И Јотор, гледајќи сѐ што прави со народот, рече: »Што правиш така со народот? Зошто само ти седиш, а сиот народ стои од утро до вечер?«
15 А Мојсеј му одговори на тестот свој: »Народот доаѓа при мене за да бара суд од Бога.
16 Кога ќе им се случи некоја работа, тие доаѓаат при мене, и јас пресудувам помеѓу нив, а има меѓу нив недоразбирања, и им ги кажувам наредбите Божји и Законот Негов.«
17 Но тестот Мојсеев му рече: »Не е добро тоа, што го правиш ти.
18 Ќе се измориш и ти и сиот народ, кој е со тебе; оти таа работа е многу тешка за тебе; ти сам не можеш да ја извршуваш.
19 Туку послушај ме сега и ќе те посоветувам, и Бог ќе биде со тебе; ти биди посредник пред Бога за народот, и работите нивни соопштувај Му ги на Бога:
20 Учи ги на наредбите Божји и на законит Негов, и покажувај им го патот Негов, по кој треба да одат и делата што треба да ги вршат.
21 А ти од сиот народ одбери способни луѓе, кои се плашат од Бога; луѓе справедливи, кои мразат горделивост, па постави ги над нив како илјадници, стотници, педесетници, десетници и писари.
22 Тие нека му судат на народот во секое време и да те известуваат за секое потешко дело; а за сите мали работи тие самите нека пресудат. Така ќе ти биде полесно и тие тебе ќе ти помагаат.
23 Ако го направиш тоа, и Бог ти го одобри тоа, тогаш ќе можеш да истраеш, и сиот тој народ ќе си оди мирно во своето место.«
24 И го послуша Мојсеј тестот свој, и направи се, како што му рече.
25 И избра Мојсеј од сиот Израил луѓе способни, па ги постави: илјадници, стотници, педесетници и десетници.
26 И тие му судеа на народот во секое време, а за тешките работи му кажуваа на Мојсеја; за сите мали работи, пак, судеа сами.
27 Потоа го ослободи Мојсеј тестот свој, и тој си отиде во земјата своја.