Exodus 11
1 Пак му рече Господ на Мојсеја: »Уште едно зло ќе пратам над Фараонот и над Египет, па тогаш ќе ве пушти оттука; и кога ќе ве пушти, просто ќе ве истера.
2 А сега кажи му на народот тајно – секој човек нека побара од соседот свој и секоја жена од сосетката своја накит сребрен и накит златен а и облека.«
3 И даде Господ народот да најде милост кај Египтјаните и им дадоа; а и самиот Мојсеј беше многу голем човек пред Египтјаните и пред Фараонот, пред очите на слугите негови и пред народот.
4 И рече Мојсеј: »Вака вели Господ: ‚На полноќ ќе поминам низ Египет,
5 и ќе умре секој првороден во земјата Египетска, од првородениот син Фараонов, кој требаше да седне на престолот негов, до првородениот син на слугинката, која се наоѓа во воденицата, и првородениот добиток.
6 И ќе стане пискот голем по целата земја египетска каков што уште немало, ниту некогаш ќе го има.
7 А кај синовите Израилеви нигде наме ни куче да лавне со својот јазик, ниту против човек, ниту против животно, за да се види колку ќе се прослави Господ меѓу Израилците и Египтјаните.‘
8 Па ќе дојдат сите тие слуги твои кај Мене, и ќе Ми се поклонат, велејќи: ‚Оди си и ти и целиот твој народ, што го водиш со тебе.‘ И тогаш ќе излезам.« И си излезе Мојсеј од Фараонот со голем гнев.
9 А Господ му рече на Мојсеја: »Нема да ве послуша Фараонот, за да се умножат знаците и чудесата Мои во земјата Египетска.«
10 Мојсеј и Арон ги направија сите знаци и чудеса пред Фараонот, но Господ му го ожесточи срцето на Фараонот, и тој не сакаше да ги пушти синовите Израилеви од земјата Египетска.