Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ecclesiastes 12

:
Macedonian - 1990
1 И спомнувај си за твојот Творец во дните на младоста своја, додека не дошле тешки денови и не настанале години, за кои ќе речеш: »Не ми се мили;«
2 додека сонцето и светлината на месечината и на ѕвездите не потемнеле, и не дошле пак црни облаци по дождот;
3 додека не настапил оној ден, кога куќните стражари ќе затреперат, и силни мажи ќе се подгрбават, кога воденичките ќе престанат да мелат, бидејќи останале малку; кога ќе се помрачат оние, што гледаат низ прозорец;
4 кога портата ќе почне да се затвора; кога ќе молкне шумот на оние што мелат, и кога човек ќе почне да станува на птичји глас, и ќерките пеачки ќе замолкнат;
5 кога висините за нив ќе бидат страшни, и по патот ќе има ужаси; кога ќе процути бадемот, и скакулецот ќе стане тежот, и желбата ќе помине; зашто човекот заменува во вечниот дом свој, и тажачките се готови да го опкружуваат по улица;
6 додека не се скине конецот сребрен, и не се скрши златната чаша, и не се растури ведрото при изворот, и не падне тркалото на бунарот.
7 И ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал.
8 Суета над суетите, вели проповедникот, сѐ е суета!
9 Проповедникот не само што беше мудар, туку и го учеше народот на мудрост. Тој сѐ испитуваше, изучуваше и остави многу мудри паримии.
10 Проповедникот се трудеше да најде убави изреки и точно ги запиша зборовите на вистината.
11 Зборовите на мудреците се како острени, и како забиени клинци; зборовите на оние што ги напишаа, дадени се од единствениот Пастир.
12 А освен сето тоа, синко, пази се и од ова: да пишуваш многу книги тоа нема крај, а да читаш многу и тоа е заморно за телото.
13 А суштината на сѐ е: бој се од Бога и пази ги неговите заповеди, зашто сето тоа е за човекот;
14 оти Бог ќе изведе на суд секоја работа и што е тајно, било да е добро или лошо.