Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Acts 1

:
Macedonian - 1990
1 Првата книга, о Теофиле, ја напишав за сѐ она што Исус почна и да врши и да учи,
2 до денот, кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите, што беше ги избрал,
3 а на кои им се претстави жив по Своето страдање со многу верни докази, јавувајќи им се преку четириесетте дни и зборувајќи им за царството Божјо.
4 И собирајќи ги, Он им заповеда: »Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене!
5 Зашто Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.«
6 А тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: »Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилево?«
7 И Он им одговори: »Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт;
8 но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата.«
9 И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа, Он се подигна, и облак Го подзеде од пред очите нивни.
10 И додека гледаа кон небото, кога се вознесуваше Он, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека,
11 и рекоа: »Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак по истиот начин, како што Го видовте да оди на небото.«
12 Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Елеон, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење.
13 И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што живееја Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов.
14 Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење со некои жени и со Марија, мајката на Исуса, и со браќата Негови.
15 А во тие дни Петар стана меѓу учениците и рече:
16 а беа се собрале околу сто и дваесет души »Мажи, браќа! Требаше да се исполни напишаното, како што беше претскажал Светиот Дух преку устата Давидова за Јуда, водачот на оние што Го фатија Исуса,
17 зашто тој беше вброен кон нас и беше примил дел од оваа служба;
18 но со неправедна награда тој придоби нива и, откако падна ничкум, прсна во средината, и се истури целата негова утроба.
19 И тоа им стана познато на сите жители во Ерусалим дека таа нива се нарече на нивниот јазик Акелдама, што значи нива крвна.
20 Оти во книгата на Псалмите е напишано: ‚Домот негов да запусти, и никој во него да не живее, како и, епископството негово да го прими друг.‘
21 И така, потребно е пак еден од оние луѓе, што беа со нас за сето време, додека пребиваше и општеше со нас Господ Исус,
22 почнувајќи од крштавањето Јованово па до денот, кога се вознесе од нас, да биде сведок со нас за Неговото воскресение.«
23 И поставија двајца: Јосифа, наречен Варсава, а по прекар Јуст, и Матиј;
24 потоа се помолија и рекоа: »Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал,
25 за да прими дел од оваа служба и од апостолството, од кое отпадна Јуда, за да си отиде на своето место!«
26 И фрлија ждреб за нив, и ждребот падна на Матиј; и тој се вброи кон единаесетте апостоли.