2 Chronicles 41990

1А направи и бакарен жртвеник: дваесет лакти долг, дваесет лакти широк и десет лакти висок.

2И направи излеано море – од едниот крај негов до другиот десет лакти – целиот круг, висок пет лакти, а наоколу при врвот – триесет лакти;

3наоколу под него од сите страни имаше излеано образи воловски; на десет лакти наоколу морето го опколуваа два реда волови, излеани заедно со него.

4Тоа стоеше врз дванаесет вола: три гледаа кон север, три гледаа кон запад, три гледаа кон југ и три гледаа кон исток, а морето врз нив одозгора: заднините пак им беа свртени навнатре под морето.

5Дебелината му беше колку една дланка, а краиштата негови, направени како краишта на чаша; прилегаа на расцутен крин. Тоа собираше три илјади бата.

6Направи и десет мијалници и постави пет десно и пет лево, за да мијат во нив – го миеја во нив приготвеното за сепалениците; а морето – за свештениците, за да се мијат во него.

7Направи и десет златни светилници, какви што требаше да бидат, и ги постави во храмот – пет десно и пет лево.

8Направи и десет трпези и ги постави во храмот – пет десно и пет лево; направи и сто златни чаши.

9Направи уште и свештенички двор, и голем двор, и врати кон дворот, и стожерите им ги опкова со бакар.

10Морето го постави на десната страна, кон југоисток.

11И направи Хирам котли, лопатки, чаши, кадилници и сите жртвени садови. И ја сврши Хирам работата, што ја вршеше за царот Соломон во Божјиот дом:

12два столба и два појаса околу врвовите врз столбовите и две мрежи, за да ги покриваат двата појаса околу капителите, што беа врз столбовите,

13и четиристотини нарови на двете мрежи – два реда нарови за секоја мрежа, за да ги покриваат двата појаса околу врвовите врз столбовите.

14Направи и подножја, направи и мијалници над подножјата;

15едно море и дванаесет волови под него,

16и котли и лопатки, и виљушки; целиот тој прибот Хирам му го направи на царот Соломона за домот Господов од измазнет бакар.

17Царот ги излеа во глинена земја во околината на Јордан, меѓу Сокхот и Саридата.

18Соломон ги направи сите тие предмети во големо множество, така што не се знаеше мерката на бакарот.

19Тогаш ги направи Соломон и сите други предмети за Божјиот дом: и златен жртвеник, и трпези за лебовите на предложението,

20и светилници, и кандилата нивни, за да ги палат според уредбите пред Свјатаја Свјатих, – од чисто злато;

21и цвеќенца, и кандилца, и машички од злато, од најчисто злато,

22и ножеви, и росилници, и чаши, и пепелници од најчисто злато; и храмовите порти – внатрешните порти за Свјатаја Свјатих, и храмовите порти за светилиштето – од злато.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 © Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 4.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.