2 Chronicles 351990

1Јосија отпразнува Пасха на Господа во Ерусалим, и го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од првиот месец.

2И ги насели свештениците по местата нивни и ги поттикнуваше да му служат на домот Господов;

3и им рече на левитите, посветени на Господа и наставници на сите Израилци: поставете го светиот ковчег во храмот, што го изгради Соломон, синот Давидов, цар Израилев; нема потреба да го носите на раменици; служете Му сега на Господа, нашиот Бог и на народот Негов Израилот;

4застанете според родовите на татковците свои и според родовите свои, како што е заповедано од Давида, царот Израилев, и како што е заповедано од синот негов Соломона,

5стојте во светилиштето, според она како што се распоредени родовите на вашите браќа, синовите народни, според она како што се разделени левитските родови и редови;

6заколете го пасхалното јагне, осветете се и подгответе го за браќата свои, постапувајќи согласно со Господовото слово преку Мојсеја.

7И им подари Јосија на синовите народни, на сите, што беа таму, од ситниот добиток јагниња и јариња, сѐ за пасхалната жртва, на број триесет илјади, и три илјади вола. Тоа беше од царскиот имот.

8И кнезовите негови сесрдно даваа принос за народот, на свештениците и на левитите: Хелкија, Захарија и Јехиил, старешини во Божјиот дом, им дадоа на свештениците за жртва пасхална две илјади и шестотини јагниња и јариња и триста вола;

9Хоннија, Семаија и Натанаил, негови браќа, Асавија, Јеиел и Јозавад, левитски старешини, им подарија на левитите за пасхална жртва пет илјади овци и петстотини волови.

10Така се подготви службата, и по царева заповед свештениците застанаа на своите места и левитите според смените свои;

11го заклаа пасхалното јагне, и свештениците росеа со крвта, што ја земаа од рацете на левитите, а левититеи ги дереа кожите;

12и го распределија определеното за сепаленици, за да го дадат по редовите на татковските родови на синвоите народни, за принос на Господа, како што е напишано во Мојсеевата книга. Истото тоа го направија и со воловите.

13И го испекоа на оган пасхалното јагне, според законот; а свештените жртви ги сварија во котли, грниња и тави, па го раздадоа брзо по сиот народ;

14потоа приготвија за себе и за свештениците, зашто свештениците, синови Аронови, беа зафатени со принесувањето сепаленици и дебели меса до ноќта; затоа левитите готвеа и за себе и за свештениците, синовите Аронови.

15А певците, синови Асафови, остануваа по местата свои, според наредбите на Давида и Асафа, Емана и Идитуна, царевиот јасновидец, а вратарите при секоја врата: немаше зошто да ја напуштаа службата своја, бидејќи браќата нивни левитите готвеа за нив.

16Така беше распоредена целата служба во тој ден, за да направат Пасха и да принесат сепаленици на Господовиот жртвеник, по заповед на царот Јосија.

17Така ја празнуваа Израилевите синови, што беа таму Пасхата во тоа време и празникот Бесквасници во текот на седум дена.

18Таква Пасха не беше прославувана во Израилот од деновите на пророкот Самуила; од сите Израилеви цареви ниеден не беше приготвил таква Пасха, каква што направи Јосија, свештениците, левитите и сите Јудејци, и Израилци, кои беа таму, и жителите ерусалимски.

19Таа Пасха беше отпразнувана во осумнаесеттата година од царувањето на Јосија.

20По сето тоа, што го направи Јосија во Божјиот дом, тој ги изгори во оган и лакомците, и маѓепсниците, и идолските светилишта, и идолите, и дубравите, што ги имаше во Ерусалим и во Јудеја, за да ги утврди зборовите на Законот, напишани во книгата, која свештеникот Хелкија ја најде во домот Господ; и немаше сличен на него пред него, што се обрнал кон Господа од сѐ срце, со сета душа и со сета сила, согласно со целиот закон Мојсеев, не се издигна и по него подобен на него. Но Господ, пак, не се одврати од големата јарост на гневот Свој, – јарост, со каква што Господ се беше разгневил на Јудеја за сите наскрбувања, со кои Го разгневи Манасија. И беше рекол Господ: »Ќе го отфрлам и Јуда од лицето Свое, како што го отфрлив домот Израилев, ќе го отфрлам домот Израилев, ќе го отфрлам и градот Ерусалим, што го одбрав, и храмот, за кој реков: таму ќе престојува името Мое.« И излезе Нехао, египетскиот цар, во војна против асирскиот цар на реката Ефрат кај Хархамис. Јосија му излезе во пресрет.

21Нехао испрати кај него пратеници да кажат: »Што има меѓу мене и тебе, царе јудејски? Против тебе сега не сум тргал, туку за таму, каде што имам војна. Бог ми заповеда да брзам; немој да Му се противиш на Бога, Кој е со мене, за да не те погуби.«

22Но Јосија не отстапи пред него, туку се приготви да се бие со него; и не ги послуша зборовите на Нехао, што беа од Бога, туку излезе во бој во долината Магедо.

23И стрелците го устрелија царот Јосија, и царот им рече на слугите свои: »Одведете ме, зашто сум тешко ранет.«

24Слугите негови го симнаа од колата, го качија во друга негова кола и го одведоа во Ерусалим. И тој умре; и беше погребан во гробницата на татковците свои. Целата Јудеја и Ерусалим го оплакаа Јосија.

25Јосија беше оплакан и од Еремија во плачевна песна; него го споменуваа сите певци и пеачки во плачевните песни свои, познати и до денес, кои ги предадоа во обичај во Израилот; ете, тие се напишани во книгата на плачевните песни.

26Другите дела на Јосија и добрините негови, согласни со заповеданото во законот Господов,

27и неговите дела, први и последни, се опишани во книгата за царевите израилски и јудејски.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 © Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 35.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.