2 Thessalonians 1
1 Од Павла, Силвана и Тимотеја до црквата Солунска во Бога Отецот наш и Господа Исуса Христа:
2 благодат вам и мир од Бога Отецот наш и Господа Исуса Христа!
3 Должни сме секогаш да Му благодариме на Бога за вас, браќа, онака како што прилега, затоа што верата ваша необично многу расте, и заемната љубов кај сите вас да изобилува,
4 така што ние самите да се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера, при сите прогони и маки, што ги поднесувате:
5 тоа е доказ за праведниот Божји суд, дека вие ќе се удостоите со царството Божјо, за кое страдате.
6 Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние, што ве мачеа,
7 а вам, на мачените, да ви даде утеха заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила,
8 во пламенен оган да им се одмаздува на оние, кои не Го познаваат Бога, кои не се покоруваат на Благовестието на нашиот Господ Исус Христос
9 и кои со вечна погибел ќе бидат казнети од лицето на Господа и од славата на Неговата моќ,
10 кога ќе дојде Он за да биде прославен во оној ден среде Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што поверуваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво.
11 Затоа и се молиме секогаш за вас, да ве удостои нашиот Бог за звањето и да се исполни со сила секоја желба за добрина и секое дело на верата,
12 та да се прослави во вас името на нашиот Господ Исус Христос, и вие во Него по благодатта на нашиот Бог и на Господа Исуса Христа.