2 Samuel 16
1 Кога Давид слезе од врвот на гората, ете, во пресрет му доаѓа Сива, слугата на Мемфивостеј, со два натоварени осела со двесте лебови, сто вреќи суво грозје, сто низи смокви и со мешина вино.
2 Царот го праша Сива: »Зошто ти е тоа?« Сива одговори: »Ослите се за царскиот дом, за јавање, лебот и плодовите за храна на момците, а виното за изнемоштените во пустињата.«
3 Царот праша: »Каде е синот на господарот твој?« Сива му одговори на царот: »Ете, тој остана во Ерусалим и вели: ‚токму сега домот Израилев ќе ми го врати татковото ми царство.‘«
4 И му кажа на Сива: »Ете, твое е сѐ што има Мемфивостеј.« А Сива одговори, поклонувајќи се: »Можеби ќе најдам милост пред очите на мојот господар – цар!«
5 Кога царот Давид стигна до Ватирим, ете, оттаму излезе еден човек од родот на Сауловиот дом, по има Семеј, син на Гирана. Тој одеше и лошо зборуваше,
6 и фрлаше камења врз Давида и врз сите слуги на царот Давид; и сите луѓе и сите храбри беа десно и лево од царот.
7 Зборувајќи лошо за него, Семеј велеше: »Иставај се, убиецу, и беззаконику!
8 Господ ја сврти против тебе сета крв на Сауловиот дом, на чие место ти се зацари, и Господ го предаде царството во рацете на синот твој Авесалома; и ете, ти си во неволја, затоа што си крвопиец.«
9 Тогаш Авес, Саруевиот син, му рече на царот: »Зошто овој мртов пес зборува лошо за господарот мој, за царот? Ќе одам и ќе му ја симнам главата.«
10 Царот рече: »Што ни е нам, мене и вам, до Саруевите синови? Оставете го нека зборува лошо, зашто Господ му заповедал да зборува лошо за Давида. А кој може да каже: ‚Зошто правиш така?‘«
11 И Давид му рече на Авеса и на сите слуги свои: »Кога синот мој, кој излегол од телото мое, ја бара душата моја, дотоклу повеќе еден син Венијаминов; оставете го, нека зборува лошо, зашто Господ му заповедал;
12 можеби, Господ ќе погледне милостиво кон унижувањето мое, и ќе ми воздаде Господ добро за денешното лошо зборување.«
13 и одеа Давид и луѓето по патот свој, а Семеј врвеше покрај гората, откај неговата страна; врвеше, зборуваше лошо и фрлаше камења и земја кон него.
14 И стигна царот и сиот народ негов, што беше со него, изморен, и таму со отпочинуваше.
15 Авесалом, пак, и сиот Израилски народ дојдоа во Ерусалим, и со него Ахитофел.
16 Кога Хусиј, Давидовиот прв пријател, дојде при Авесалома, му рече: »Да живее царот!«
17 И Авесалом му рече на Хусија: »Каква е таа твоја сесрдност кон твојот пријател! Зошто не отиде со пријателот свој?«
18 Хусиј му одговори на Авесалома: »Не, јас ќе отидам по оној, што го избра Господ и оној народ и целиот Израил; со него сум и јас, и со него ќе останам.
19 И притоа кому ќе му служам? Нели на синот негов? Како што му служев и на татко ти, така ќе ти служам и тебе.«
20 И Авесалом му рече на Ахитофела: »Дајте совет, што да правиме.«
21 Ахитофел му одговори на Авесалома: »Влези при наложниците на татко ти, што тој ги остави да го чуваат домот негов; и ќе чујат сите Израилци, дека си станал намразен за таткото, и ќе им се зацврстат рацете на сите, што се со тебе.«
22 И поставија за Авесалома шатор на покривот, и Авесалом влезе при наложниците на татка си пред очите на сиот Израил.
23 А советите на Ахитофела, што тој ги даваше, во она време се сметаа, како некој да се допрашувал до Бога. Таков беше секој Ахитофелов совет како за Давида, така и за Авесалома.