Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Kings 5

:
Macedonian - 1990
1 Нееман, војвода на сирскиот цар, беше голем човек пред господарот свој и почитуван, зашто преку него Господ им беше дал победа на Сиријците; и тој човек беше одличен војник, но лепрозен.
2 Еднаш Сиријците излегоа во чети и запленија од Израилската земја едно мало девојче, и тоа ѝ служеше на Неемановата жена.
3 Таа ѝ рече на господарката своја: »О, да отидеше мојот господар при пророкот, кој е во Самарија, тој ќе ја симнеше од него лепрата.«
4 Тогаш Нееман отиде и му го кажа тоа на господарот свој, велејќи: »Така и така вели девојчето, што е од Израилската земја.«
5 И сирскиот цар му рече на Неемана: »Стани, оди, јас пак, ќе испратам писмо до израилскиот цар.« Тој отиде, земјаќи со себе десет таланти сребро, шест илјади сикли злато и десет промени облека;
6 и му го однесе на израилскиот цар писмото, во кое се велеше: »Заедно со ова писмо, ете, го испраќам при тебе Неемана, мојот слуга, да ја симнеш од него лепрата негова.«
7 Израилскиот цар, откако го прочита писмото, ја раскина облеката своја и рече: »Зар сум јас Бог, да умртвувам и да оживувам, та испраќа при мене да ја симнам од овој човек лепрата негова? Ете, знаете сега и гледајте, дека тој бара повод за непријателство против мене.«
8 Кога Божјиот човек Јелисеј чу, дека израилскиот цар ја раскинал облеката своја, испрати да му речат на царот: »Зошто ја раскина облеката своја? Нека дојде при мене и нека познае, дека има пророк во Израилот.«
9 И дојде Нееман со коњите свои и со колите свои и застана пред влезот на Јелисеевиот дом.
10 Тогаш Јелисеј го испрати при него слугата свој да му каже: »Оди, искапи се седумпати во Јордан, и телото твое ќе се обнови, и ќе бидеш чист.«
11 Се разгневи Нееман и си тргна, велејќи: »Ете, јас мислев, дека тој ќе излезе, ќе застане и ќе го повика името на Господа, својот Бог, ќе ја стави раката своја на местото и ќе ја симне лепрата;
12 зар дамаските реки Авана и Фарфар не се подобри од сите израилски води? Не можев ли да се искапам во нив и да се исчистам?« Па се сврти и си отиде налутен.
13 Му се доближија слугите негови и му рекоа, велејќи: »Оче, да беше ти кажал пророкот нешто тешко, немаше ли да го направиш. А камо ли сега, кога ти рече само: искапи се, и ќе бидеш чист!«
14 Тој отиде и се потопи во Јордан седумпати, според зборовите на Божјиот човек, и телото му се обнови како тело на мало дете и се исчисти.
15 Тогаш се врати при Божјиот човек, тој и сите придружници негови, дојде, застана пред него и рече: »Еве, познав, дека по целата земја нема Бог, освен во Израилот; прими, пак сега дар од твојот слуга.«
16 Јелисеј одгорови: »Жив Господ, пред чие лице стојам! Не примам.« Оној го принудуваше да земе, но тој не се согласи.
17 И рече Нееман: »Штом е така, нека му дадат на твојот слуга земја, колку што можат да носат две маски, зашто во иднина слугата твој нема да принесува сепаленици и жртви на други богови, освен на Господа;
18 само, еве што да ми прости Господ на слугата твој: кога мојот господар оди во домот на Римона, за да се поклони таму и се потпре врз раката моја, и јас се поклонам во домот на Римона, тогаш Господ да му прости на слугата твој за поклонувањето мое во домот на Римона.«
19 А тој му рече: »Оди си со мир!« И тој отиде од него и прилично се оддалечи.
20 Тогаш Гиезиј, слугата на Божјиот човек Јелисеја рече: »Ете, мојот господар не сакаше да го земе од раката на тој сириец Нееман, она што го беше донел. Жив Господ! Ќе потрчам по него и ќе земам нешто од него.«
21 И потрча Гиезиј по Неемана. Нееман виде, дека некој трча по него, слезе од колата да го пресретне и рече: »Дали си со мир?«
22 Тој одговори: »Со мир сум; мојот господар ме испрати да кажам: ете, сега дојдоа при мене од Ефремовата гора две момчиња од пророчките синови; дај ми еден талант сребро и две промени облека.«
23 И Нееман рече: »Земи, ако сакаш, два таланта.« И многу го молеше. Тогаш тој заврза два таланта сребро во две торби и две промени облека и им ги даде на двајцата слуги свои, та ги понесоа пред него.
24 Кога тој дојде до брегот, ги зеде од рацете нивни и ги сокри во домот свој. И ги отпушти луѓето, и тие си отидоа.
25 Кога дојде и се јави пред господарот свој, Јелисеј го праша: »Од каде доаѓаш, Гиезиј?« Тој одговори: »Никаде не одел слугата твој.«
26 Тој му рече: »Зар срцето мое не те придружуваше, кога оној човек се врати од колата своја да те пресретне? Време ли е да се земе сребро и да се зема облека, или маслинови дрвја и лозја, ситен или крупен добиток, слуги или слугинки?
27 Затоа, Неемановата лепра нека се залепи на тебе и на потомството твое засекогаш.« И тој излезе од него бел како снег од лепрата.