Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Kings 20

:
Macedonian - 1990
1 Во тие дни се разболе Језекиј на смрт; и дојде при него Амосовиот син, пророкот Исаија и му рече: »Вака вели Господ: ‚среди ги работите за домот свој, зашто ќе умреш, нема да оздравиш.‘«
2 Се сврти Језекиј со лицето кон ѕидот и Му се помоли на Господа, велејќи:
3 »О Господи, спомни си, дека јас одев пред лицето Твое верно и со предано на Тебе срце, и го вршев она, што беше угодно пред очите Твои.« И заплака Језекиј силно.
4 Исаија уште не беше излегол од средниот двор, и би словото Господово кон него:
5 »Врати се и кажи му на Језекија, владетелот на Мојот народ: вака вели Господ, Бог на твојот татко Давида Ја чув молитвата твоја, ги видов солзите твои. Јас ќе те излекувам; на третиот ден ќе отидеш во домот Господов;
6 и ќе додадам кон деновите твои петнаесет години, и ќе те спасам од рацете на асирскиот цар тебе и твојот град, и ќе го заштитам тој град заради Себеси и заради Мојот слуга Давида.«
7 Тогаш рече Исаија: »Земете суви смокви.« И зедоа, и ги наложија на чирот; и тој оздраве.
8 Језекиј му рече на Исаија: »Каков е знакот, дека Господ ќе ме излекува и дека на третиот ден ќе одам во домот Господов?«
9 Исаија одговори: »Еве ти знак од Господа, дека Господ ќе го исполни словото, што го кажал сакаш ли напред да оди сенката десет степени или десет степени назад?«
10 И рече Језекиј: »Лесно е да се помести сенката десет степени напред; не, нека се врати сенката десет степени назад.«
11 Повика пророкот Исаија кон Господа, и Он ја врати сенката назад десет степени според Ахазовите степени, по кои се спушташе.
12 Во тоа време вавилонскиот цар Мародах Валадан, син на Валадана, му испрати писмо и подароци на Језекија, зашто беше чул, дека Јазекиј бил болен.
13 Језекиј, откако ги слушна пратениците, им ги покажа ризниците свои, среброто и златото, и ароматите, и скапоцените масла, и целата своја оружарница и сѐ што се наоѓаше во скровиштата негови; и не остана ништо, што да не им го покажа Језекиј во домот свој и во целото свое владение.
14 Пророкот Исаија дојде при царот Језекија и го праша: »Што кажаа тие луѓе, и од каде дојдоа при тебе?« Језекиј одговори: »Од далечна земја дојдоа тие, од Вавилон.«
15 Исаија пак праша: »Што видоа тие во домот твој?« Језекиј одговори: »Видоа сѐ што е во мојот дом; не остана ништо, што да ни им го покажав во ризниците свои.«
16 Тогаш Исаија му рече на Језекија: »Чуј го словото Господово:
17 ,Еве, ќе дојдат дни, и си што е во твојот дом, и што го собрале татковците твои до денес, ќе биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане вели Господ.
18 Ќе земат од синовите твои, што ќе произлезе од тебе, што ќе ги родиш, и тие ќе ти бидат слуги во дворецот на вавилонскиот цар.«
19 А Језекиј му рече на Исаија: »Добро е словото Господово, што ти го изрече.« И продолжи: »Да биде мир и доброчестивост во моите дни!«
20 Другата работа за Језекија, за сите негови подвизи, дека направи езера и водовод и спроведе вода во градот, опишано е во летописите на јудејските цареви.
21 И почина Језекиј при татковците свои, а место него стана цар синот негов Манасиј.