Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Kings 12

:
Macedonian - 1990
1 Во седмата година на Јуја стана цар Јоас и царуваше во Ерусалим четириесет години. Мајка му се викаше Савија, од Вирсавија.
2 А Јоас го вршеше она што беше угодно пред очите на Господа во сите денови додека го поучуваше свештеникот Јодај;
3 само идолските светилишта не беа урнати; народот уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта.
4 Јоас им кажа на свештениците: »Сето посветувано сребро, што го принесуваат во домот Господов, среброто од оние што се бројат, среброто што се внесува за секоја душа според оценката, сето сребро, колку што секому срцето му дава, да се донесе во домот Господов;
5 свештениците нека го приберат, секој од својот познат, и нека го поправат расипаното во храмот, насекаде, каде што ќе се најде оштетено.«
6 Но бидејќи до дваесет и третата година на царот Јоас свештениците не ги поправаа расипаните работи во храмот,
7 царот Јоас го повика тогаш свештеникот Јодаја и свештениците и им рече: »Зошто не ги поправате расипаните работи во храмот? Отсега нема веќе да прибирате сребро од своите познати, туку ќе го оставате за поправка на храмот.«
8 И свештениците се согласија да не прибираат веќе при себе сребро од народот за поправки во храмот.
9 Тогаш свештеникот Јодај зеде едно ковчеже, му направи одозгора отвор и го стави до жртвеникот десно, каде што влегуваа во домот Господов. И свештениците, што стоеја на стража при вратата, го пуштаа таму сето сребро, што се внесуваше во домот Господов.
10 И кога видоа, дека има многу сребро во ковчежето, доаѓаше царскиот писар и првосвештеникот и го врзуваа во торби и го пребројуваа среброто, што се наоѓаше во домот Господов,
11 а преброеното сребро го предаваа во рацете на одредените при домот Господов распоредници, и тие им плаќаа на дрводелците, што работеа во домот Господов,
12 и на ѕидарите, и на каменоделците, и за купување дрва и делкани камења, за поправки во домот Господов, и за сѐ, што се трошеше за одржување на храмот.
13 Но за домот Господов не беа направени ни сребрени чинии, ни штипки, ни котлиња за росење, ни труби никакви златни садови, и сребрени садови не беа направени од сребро, што се внесуваше во домот Господов,
14 туку го предаваа на распоредниците и тие го поправаа со него домот Господов.
15 И не бараа сметка од оние, на кои им го доверуваа среброто за раздавање на распоредниците, зашто тие постапуваа чесно.
16 Среброто од жртвите за вина и сребро од жртвата за грев не се внесуваше во домот Господов: тоа беше за свештениците.
17 Тогаш сирискиот цар Азаил тргна во поход, отиде да војува против Гет, и го презеде; а потоа Азаил намисли да оди против Ерусалим.
18 Но јудејскиот цар Јоас го зеде сето жртвувано, што го беа жртвувале на храмот неговите татковци, јудејските цареви Јосафат, Јорам и Охозиј, и што самиот го беше жртвувал, и сето злато, најдено во ризниците на домот Господов и на царскиот дом, и му го испрати на сирискиот цар Азаил; тој тогаш го напушти Ерусалим.
19 Другото за Јоаса и за сѐ, што тој го извршил, е опишано во летописите на јудејските цареви.
20 И се побунија слугите негови, направија заговора и го убија Јоаса во домот Мило, на патот за Сила.
21 Го убија слугите негови: Језехар, син Јемуагов, и Језевуд, син Самиров, и тој умре, и го погребаа при татковците негови во Давидовиот град. А место него стана цар синот негов Амасиј.