Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Kings 1

:
Macedonian - 1990
1 По смртта на Ахава, Моав се одметна од Израилот.
2 А Охозиј падна низ прозорската решетка на својата горна соба, која е во Самарија, и се разболе. Па испрати пратеници и им рече: »Одете, прашајте го Веелзевула, акаронското божество: ќе оздравам ли од оваа болест?« И тие отидоа да прашаат.
3 Тогаш Ангел Господов му кажа на Илија Тесвитецот: »Стани, пресретни ги пратениците на самарискиот цар и кажи им: ‚Зар во Израилот нема Бог, та сте тргнале да го прашате Веелзевула, акаронското божество?‘
4 Затоа вака вели Господ: ‚Од постелата на која си легнал, нема да станеш, туку ќе умреш‘«. И отиде Илија и им кажа.
5 Се вратија пратениците при Озохија. И тој ги праша: »Зошто се вративте?«
6 Тие му одговорија: »Не пресретна еден човек и ни рече: ‚Одете, вратете се при царот, кој ве испратил, и кажете му: вака вели Господ: »зар во Израилот нема Бог, та испраќаш да го прашаш Веелзевула, акаронското божество?« Затоа од постелата на која си легнал, нема да станеш, туку ќе умреш.‘«
7 Тој ги праша: »Каков беше на изглед оној човек, што ве пресретна и ви ги кажа тие зборови?«
8 Тие му одговорија: »Тој човек целиот беше со влакна и беше опашан преку половината со кожен појас.« Тој рече: »Тоа е Илија Тесвитецот.«
9 Тогаш испрати царот при него педесетник со неговите педесетмина. И тој се искачи при него, кога Илија седеше на врвот од гората, и му рече: »Човеку Божји, царот нареди да слезеш.«
10 Одговори Илија и му рече на педесетникот: »Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и да те изгори тебе и твоите педесетмина.« И падна оган од небото и го изгори него и неговите педесетмина.
11 Царот испрати друг педесетник со неговите педесетмина. И тој му проговори и рече: »Човеку Божји, вака вели царот: ‚Слези поскоро!‘«
12 Илија одговори и му рече: »Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и да те изгори тебе и твоите педесетмина«. И падна оган Божји од небото и го изгоре него и неговите педесетмина.
13 Царот испрати по третпат педесетник со неговите педесетмина. Третиот педесетник стана, та дојде, и падна на коленици пред Илија, го молеше и му зборуваше: »Човеку Божји, да не биде презрена душата моја и душата на твоите слуги овие педесетмина пред твоите очи;
14 Ете, падна оган од небото и ги изгоре двајцата претходни педесетници со нивните педесетмина; но сега да не биде презрена душата моја пред твоите очи!«
15 Тогаш му рече Ангелот Господов на Илија: »Оди со него и не плаши се од него.« И тој стана, та отиде со него при царот.
16 И му рече: »Вака вели Господ: ‚Поради тоа што испрати пратеници да го прашаат Веелзевула, акаронското божество, како да немаше во Израилот Бог да Го прашаш за словото Негово, ти нема да станеш од леглото, на кое си легнал, туку ќе умреш.‘«
17 И тој умре според словото Господово, што го изрече Илија. И стана цар Јорам, братот на Охозија, место него, во втората година на Јорама, син Јосафатов, цар јудејски, бидејќи оној немаше син.
18 Другото за Охозија, она што го извршил тој, е опишано во летописите на израилските цареви.