Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Corinthians 10

:
Macedonian - 1990
1 Ја, самиот Павле, смирен кога сум лично меѓу вас, а слободен, кога сум далеку од вас, ве убедувам со Христовата кротост и благост.
2 Ве молам, кога ќе бидам при вас, да бидете такви што да нема потреба да бидам така смел, каков што мислам да бидам спрема некои, кои за нас мислат оти постапуваме по телото.
3 Зашто, иако во тело одиме, телесно не се бориме.
4 Оружјето на нашето војување не е телесно, но со помошта Божја е силно да разрушува тврдини; со него ние уништуваме мудрувања,
5 и секое превознесување, што се крева против познавањето на Бога, и поробување секој разум, за да Му биде покорен на Христа;
6 и спремни сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се изврши вашата послушност.
7 На надворешноста ли гледате? Кој е уверен во себе дека е Христов, нека суди, пак, од себе, оти, како што е тој Христов, така сме и ние Христови.
8 Бидејќи, ако и нешто повеќе да се пофалам со нашата власт, која ни ја даде Господ за вашето издигање, а не назадување, нема да се посрамам.
9 Но, никој нека не помисли дека преку посланијата ве заплашувам,
10 бидејќи во посланијата свои, ќе рече некој, тој е строг и силен, но при личното присуство меѓу нас слаб; проповедта негова ништо не вреди.
11 Таквиот нека знае дека какви сме во зборовите во посланијата свои, кога отсуствуваме, такви сме и на дело, кога присуствуваме.
12 Зашто не смееме да се вбројуваме или да се споредуваме со некои од оние, што сами се препорачуваат: тие не разбираат дека се споредуваат сами со себе и се мерат само со себе.
13 Ние, пак, не без мерка ќе се пофалиме, туку според правилото на мерката што ни е определена од Бога, за да достигнеме дури и до вас.
14 Оти ние не како нестигнати до вас се напрегаме, бидејќи достигнавме и до вас со Благовестието Христово;
15 не фалејќи се преку мерка со туѓите напори, се надеваме дека премногу ќе се возвеличиме меѓу вас според делата наши, кога ќе порасте верата ваша,
16 така што и подалеку од вас да го проповедаме Евангелието, а не да се фалиме со готовото во туѓ дел.
17 Кој се фали, со Господа да се фали!
18 Зашто, не оној, што се фали сам, е достоен, туку оној, кого што Господ го фали.