Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 36

:
Macedonian - 1990
1 Народот на таа земја го зеде Јоахаза, синот Јосиев, го помаза и го постави за цар на местото од таткото негов во Ерусалим.
2 Јоахаз имаше дваесет и три години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим три месеца. Мајка му се викаше Амитал, ќерка Еремиева, од Ловна. Тоја направи лукаво дело пред Господа по сето она, што го вршеа татковците негови. И го окова фараонот Нехао во Девлат, во Ематската земја, за да не царува во Ерусалим.
3 Египетскиот цар го собори од престолот во Ерусалим, го одведе во Египет и ѝ наложи на земјата глоба од сто таланти сребро и еден талант злато
4 Египетскиот цар го постави братот негов Елијаким за цар на Јудеја и над Ерусалим, и му го смени името во Јоаким, а братот негов Јоахаз Нехао го зеде и го одведе во Египет, каде што и умре. Тој му давеше на Фараонот и сребро и злато. Тогаш земјата почна да дава сребро по заповед на Фараонот, и секој, според власта своја, бараше сребро и злато од народот на земјата како данок на фараонот Нехао.
5 Јоаким имаше дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим единаесет години. Мајка му се викаше Зехора, ќерка Нириева, од Рама. Тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господа, својот Бог, во сѐ она, што го вршеа татковците негови. Во неговите дни Навуходоносор, царот вавилонски, нападна на земјата; тој му служеше три години, и се одметна од него. И ги испрати Господ против нив Халдејците, и разбојници сирски, и разбојници моавитски, и синовите Амонови и самариски, и тие отстапија според оној збор според зборот на Господа преку устата на слугите Негови пророците. Но гневот на Господа падна врз Јуда, за да го отфрли од лицето Свое, поради многуте гревови, што ги беше направил Манасија, и поради невината крв, штоа ја пролеа Јоаким, та го исполни Ерусалим со невина крв. Господ не посака да го искорени.
6 Против него излезе Навуходоносор, царот вавилонски, и го окова во окови, за да го одведе во Вавилон.
7 Дел од садовите на Господовиот дом пренесе Навуходоносор во Вавилон и ги постави во своето идолско светилиште во Вавилон.
8 Другите дела на Јоакима и гадотиите, што ги изврши и какви што се најдоа кај него, се опишани во книгата за царевите израилски и јудејски. И почина Јоаким при татковците свои и беше погребан во Ганозан при татковците свои. Место него стана цар синот негов Јехонија.
9 Јехонија имаше осумнаесет години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим три месеца и десет дена. Тој го вршеше, она што беше лошо пред очите Господови.
10 Откако измина годината, царот Навуходоносор испрати и заповеда да го доведат во Вавилон заедно со скапоцените садови на Господовиот дом, го постави за цар на Јудеја и Ерусалим братот негов Седекија.
11 Седекија имаше дваесет и една година кога стана цар, и царуваше во Ерусалим единаесет години;
12 и тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, својот Бог. Тој не се смири ни пред пророкот Јеремија, кој пророкуваше од Господовата уста.
13 и се одметна од царот Навуходоносор, кој беше зел клетва од него во името Божјо, и се покажа тврдоглав и го ожесточи срцето свое до таму, што не се обрна кон Господа, Бога Израилев.
14 Па и сите началници над свештениците и над народот грешеа многу, подражавајќи ги сите гадотии на незнабошците, и ги осквернуваа домот на Господа, што Он го беше осветил во Ерусалим.
15 Господ, Бог на нивните татковци, им испраќаше Свои гласници уште во рано утро, зашто Му беше жал за Својот народ и Своето живеалиште.
16 Но тие се подбиваа со испратените од Бога и не се грижеа за зборовите Негови, ги понижуваа пророците Негови, дедека гневот на Господа не падна врз народот Негов, та немаше за него спасение.
17 И Он го испрати врз нив халдејскиот цар, и тој ги уби со меч младинците нивни во домот на нивната светиња; не го поштеди ни Седекија ни девица, ни старец, ни немоќен. Сѐ предаде Бог во раката негова.
18 И сите садови на Божјиот дом, големи и мали, и ризниците на домот Господов, и ризниците на царот и кнезовите негови, сѐ однесе во Вавилон.
19 Па го изгореа Божјиот дом, ги разурнаа ѕидовите на Ерусалим и сите негови дворци со оган ги изгореа; и сите негови скапоцености ги расипаа.
20 А избавените од меч Навуходоносор ги пресели во Вавилон, и тие му беа робови нему, до зацарувањето на персискиот цар.
21 додека, за да се исполни зборот Господов, кажан преку устата на Јеремија, земјата не ги отпразнува своите саботи. Преку сите денови на запустувањето свое таа саботничеше, додека се наполнија седумдесет години.
22 А во првата година на персискиот цар Кир, за да се исплни зборот Господов, кажан преку устата на Јеремија, Гсопод го подбуди духот на Кир, персискиот цар, и тој заповеда да прогласат по целото негово царство, усно и писмено, и да кажат:
23 »Вака рече Кир, цар перскиски: ‚Господ, Бог небесни, ми ги даде сите земни царства и ми заповеда да Му изградам дом во Ерусалим, во Јудеја. Кој е меѓу вас од сиот Негов народ, Господ, неговиот Бог нека биде со него, и тој нека оди таму.‘«